24 Мај, 2024
0.0284

ПЛАЌАМЕ И ДВОЈНО ПОСКАПО: Колку чини зелената електрична енергија?

Објавено во: Економија 16 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

За тие пари на берза или сегментот за квартални, годишни или месечни договори можат да се купат меѓу два и шест мегаватчасови струја. Лани цената на зелен мегаватчас била 112 евра за мегаватчас, а во 2013 година 137 евра за мегаватчас. Во 2012 година биле платени рекордни 138 евра просечно за мегаватчас. Значи со 2,5 милиони евра била купена зелена енергија што одвај е доволна да ја задоволи националната потрошувачка за еден потпросечен ден Македонските граѓани и правните лица-крајни потрошувачи платиле 24,14 милиони евра за „зелената електрична енергија“ што ја произвеле обновливите извори на електрична енергија годинава, покажуваат податоците што ги објави Операторот на пазар на електрична енергија. Просечната цена што македонските граѓани во крајна линија ја плаќаат изнесува 103 евра за мегаватчас електрична енергија што ја произведуваат обновливите извори на електрична енергија кои од државата добиле повластени цени за струјата што ја произведуваат. Од почетокот на јануари до крајот на ноември обновливите производители со повластена цена произвеле 234.400 мегавати за што инкасирале 24,14 милиони евра. За споредба регулираната државна цена што ја одобри Регулаторната комисија за енергика за ЕЛЕМ изнесува околу 44 евра за мегаватчас електрична енергија. На берзите во регионот: ХУПЕКС во Унгарија, ОПКОМ во Романија и БСП Саут Пул во Словенија цената на електричната енергија која се продава еден ден однапред варира во зависност од часот во денот и од периодот во годината (зима или лете) од 0 евра до 80 евра за мегаватчас (апроксимативно). На платформите за тргување со електрична енергија со договори за купување на годишно, квартално или месечно ниво однапред цените се движат од 30 до 70 евра за мегаватчас електрична енергија во зависност од периодот и од други варијабилни фактори. Обновливите извори на електрична енергија во текот на оваа година просечно произведувале 29 мегавати електрична енергија на час. Просечната потрошувачка на македонскиот електроенергетски систем на часовно ниво надминува 800 мегавати што значи дека повластените производители на електрична енергија произведуваат околу 4 отсто од целиот конзум за електрична енергија во националниот систем. Во споредба со лани годинава производството на зелена енергија од повластени производители е зголемено за повеќе од 3 пати, зашто лани просечно на час во систем влегувале само 9 мегавати електрична енергија на час. Големиот раст на произведена електрична енергија е благодарејќи на ветерниот парк „Богданци“ кој почна да произведува годинава и кој значајно го зголеми вкупното производство на обновлива електрична енергија од повластени производители. Колку плаќале граѓаните во минатите години? Според официјалните податоци годинава граѓаните плаќаат најмногу пари за зелена електрична енергија, но обновливите извори и произведуваат најмногу електрична енергија. Од аспект на парите граѓаните и компаниите крајни потрошувачи во 2014 година платиле три пати помалку од годинава односно 9,18 милиони евра. Лани за тие 9,18 милиони евра е произведена електрична енергија 81.950 мегеватчасови електрична енергија, а просечната цена за еден мегаватчас била 112 евра. Во 2013 година просечната откупна цена на зелената енергија била 137 евра, биле платени 5,27 милиони евра, а биле произведени 38.442 мегаватчасови. Во 2012 година била достигната највисоката просечна цена за мегаватчас зелена електрича енергија. Таа изнесувала 138 евра. За 18.106 мегаватчасови, што одвај може да задоволи потрошувачка само за еден просечен ден биле платени 2,5 милиони евра. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?