ПОЧНАА ДА СЕ БРОЈАТ ШТЕТИТЕ: Невремето во Липково зад себе остави хаос
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2024 11:30
Комисијата за проценка на штети од општина Липково веќе е на терен помеѓу населението, кое вчера претрпе штети од интензивниот дожд и град кој го зафати североисточниот регион во државата, соопштија денеска од општина Липково за МИА.
- Општина Липково беше зафатена од интензивни врнежи од град и дожд. Може да кажеме дека сите населени места беа погодени почнувајќи од Лојане до Никуштак. Граѓаните веќе почнаа да ги пријавуваат штетите. Од земјоделскиот род има штети на насадите со кромид, бостан, компири, пченка, јачмен …, велат од општина Куманово.
Засега нема пријавени штети на друга инфраструктура и одрони на патишта, велат од општината.
Претходно, жители на липковските села за МИА изјавија дека штети има на насадите, посевите како и на куќи, оштетени се соларни панели и на автомобили.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




