„ИМА СЕ, МОЖЕ СЕ“ - како на Македонците им успеа да заштедат 157 милиони евра за само еден месец во домашните банки
Објавено во: Финансии 22 Мај, 2024 08:15
Можеби изгледа неверојатна оваа констатација, но македонските банки во април, месецот кој измина, биле буквално „преплавени“ со пари. И како и обично, главни „дарители“ биле граѓаните, се разбира за соодветен надоместок во форма на камата, која, пак, исто така се разбира, е многу пониска во однос на каматите кои банките ги наплатуваат на дадените кредити на граѓаните.
Како и да е, најновите податоци на Народна банка на Македонија покажаа импозантни бројки.
Односно, вкупните депозити во домашниот банкарски сектор, кои се збир на граѓанските заштеди и на парите кои во банка ги чува корпоративниот сектор, во април достигнале 8,75 милијарди евра. Значи, толку многу средства на крајот на четвртиот месец од годинава „натежнале“ во македонските банки. Што пак, во однос на еден месец претходно, односно март, е зголемување за 116 милиони евра.
И, притоа треба да се спомене дека опаднале влоговите од компаниите, но затоа пак, граѓаните, односно домаќинствата, штеделе како луди.
За нештата да станат појасни, ќе презентираме дека на крајот на април штедните влогови на домаќинствата достигнале дури 5,92 милијарди евра, што е „опасно“ доближување до шест милијарди. И секако, е за голем аплауз, бидејќи граѓанските заштеди се едни од главните извори на финансирање, односно кредитирање на домашната економија.
Уште повеќе радува фактот, што за само еден месец, односно во споредба со март, граѓанските заштеди пораснале за дури 157 милиони евра, а во однос на декември лани, плусот е уште поголем и иознесува над 254 милиони евра.
Еве како ова го коментираат во својот извештај за депозитите и кредитите од Народна банка на Македонија.
„Во април, вкупните депозити забележаа месечен раст од 1,3 отсто, којшто во целост се должи на зголемените депозити на секторот „домаќинства“, при намалени депозити на корпоративниот сектор. Годишниот раст од 9,3 проценти произлегува од повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, се вели во објаснувањето од централната банка.
А, кога станува збор за тоа во која валута преферираат на штедат Македонците, ако денарот од неодамна го претрка еврото, веќе во април денарските штедни влогови создаваат и значителна предност пред странската валута. Значи, процесот на денаризација е веќе сериозен и што се вели, полека почнува да „фаќа корен“ во домашните банки.
Па така, депозитите на домаќинствата во денари достигнале 3,03 милијарди евра, што е пораст за дури 140 милиони евра за само еден месец! А, во однос на декември лани, значи за 4 месеци, има зголемување за дури над 206 милиони евра.
Растеле и депозитите во странска валута, иако побавно. Па така, на крајот на април, во странска валута, што е најдоминантно во евра, домашните граѓани чувале 2,9 милијарди евра, што е пораст за 17 милиони евра во однос на претходниот месец. Значи неспоредливо помало зголемување во однос на растот на домашната валута.
„Вкупните депозити на домаќинствата овој месец се зголемени за 2,7 отсто на месечно ниво. Нагорната промена пред сè е резултат на растот на депозитните пари, а во помала мера и на долгорочните депозити во денари и долгорочните и краткорочните депозити во странска валута, во услови на пад на краткорочните депозити во денари. Анализирано на годишна основа, растот изнесува 10,8 отсто и во поголем дел произлегува од повисоките депозитни пари и долгорочните депозити, во услови на забележан пад на краткорочните депозити“, се вели во објаснувањето од Народната банка.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





