19 Декември, 2025
0.0432

ПЛАЌАЛЕ ПАТАРИНА ИЛИ НЕ? Видео на Фејсбук ја крена јавноста на нозе, свадбари минуваат без да застанат да платат, се јавија и од Државни патишта

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2025 13:00

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа дека на патарината Гостивар, неколку возила поминуваат, без да застанат да платат.

Видеото го сподели хуманитарецот, Отец Оливер Петровски, кој реагираше на видеото.

„Кој е одговорен за патарините и дали некој ќе сноси одговорност? Како може хуманитарните организации да не се ослободени да плаќаат патарина иако доставуваат донации за пожарите, за социјално загрозените семејства ширум Македонија, трчаат како луди за да помогнат насекаде, а свадбариве се ослободени од плаќање патарина? Режија, се слушаме?“, објави тој.


Набрзо се огласија и од ЈП за Државни патишта, од каде ја смируваат јавноста дека возачот во првото возило платило за сите што по него поминуваат.

„Јавното претпријатие за државни патишта во однос на виралното видео кое што се споделува на интернет кадешто се гледа колона на возила која поминува на наплатната станица Гостивар ја известува јавноста дека веднаш по објавата на видеото директорот на ЈПДП даде итен налог за проверка.

Беше испратена внатрешна контрола при што се констатира дека првото возило плаќа за возилата во колоната и дека само за неколку возила не е наплатена патарината. По целосното и детално расветлување на случајот ќе следат мерки за утврдување на одговроност на вработените и дисциплински постапки“, информираа од претпријатието.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот