17 Декември, 2025
0.2441

Плаќање преку мобилен телефон, MobiPay достапно и во Македонија

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2013 14:26

Добивај вести на Viber

На своите корисници „Т-Моbilе“ во партнерство со „НЛБ Тутунска банка“ од денес им овозможува да го користат мобилниот телефон и како паричник.

MobiPay овозможува сосема нов начин на безготовинско плаќање преку мобилен телефон, директно од банкарската сметка во НЛБ Тутунска банка. Со активирање на MobiPay, мобилниот телефон станува виртуелен паричник во кој може да се сместат повеќе платежни картички.

„Мобилното плаќање е една од оние услуги каде новата технологија е целосно во функција на корисникот. Пред само десетина години мобилниот служеше единствено за разговор и СМС, а сега станува мултифункционална алатка, се во едно, која на крајот на денот го прави животот полесен, а тоа и треба да е крајната цел на модерните технологии. Со Moby Pay корисниците добиваат вредност повеќе, можност повеќе без никаков надомест“, изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на T-Mobile Македонија.

„При купувањето клиентите ќе немаат потреба да носат платежни картички или новчаник туку само нивниот мобилен телефон. Генерално, најголемиот предизвик при извршување на плаќањата е како на практичен, брз, безбеден и едноставен начин тоа да се реализира. Сите овие аспекти се присутни во MobiPay функционалноста“, изјави Ѓорѓи Јанчевски, Претседател на Управен одбор на НЛБ Тутунска банка.

За активирање на MobiPay, T-Mobile корисниците потребно е да имаат картична сметка во НЛБ Тутунска банка за која треба да потпишат договор со Банката, при што сметката ќе биде поврзана со мобилен број на корисникот и ќе му биде издаден ПИН за верификација на секоја трансакција извршена со телефон. Средствата за плаќање ќе се одземаат од картичната сметка, а не од телефонската сметка. На овој начин, мобилното плаќање е достапно за сите припејд и пост пејд корисници на T-Mobile.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје