Добивај вести на Viber
Подгоричката компанија „Плантажа“ повлече од пазарот во Србија, дел од серијата полуслатко бело вино „мое вино“, поради благо замаглување.
Како што пренесуваат денеска подгоричките медиуми, во дел од извезената серија од врстата „мое вино“ се случила дополнителна ферментација во шишето, па е приметено благо замаглување, поради случајното поминување на квасецот низ микрофилтерот.
„Штом го воочивме тоа, ја повлековме цела серија на виното од пазарот. Во моментов правиме контрола и анализа, со цел да го утврдиме точниот број на шишиња со вакво замаглување“ - посочија од компанијата „Плантажа“.