ПЛАТА НАД 500 ЕВРА, НО МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ЈА САКААТ ОВАА РАБОТА: Албанци се грижат за стадата во Западна Македонија
Објавено во: Македонија 02 Април, 2021 07:16
На сточарите тешко им оди да најдат овчари во земјава кои би се грижеле за нивните стада, па затоа ангажираат овчари од соседна Албанија.
Најчесто за ваква работа се јавуваат овчари од пограничните места. Неискусните овчари месечно заработуваат помалку од 500 евра, а оние кои имаат знаење и искуство, заработуваат по 600 или 700 евра. Скендер Аме, претседател на Здружението на сточари „Дешат“ од Дебар, вели дека веќе 20 години имаат проблем да најдат овчари овде, и затоа земаат луѓе од соседна Албанија. Додава дека има многу млади луѓе кои се работоспособни, но немаат волја за оваа работа.
„Доаѓаат млади луѓе преку распуст да работат, но тие се неискусни, и заработуваат до 500 евра, а оние кои си ја знаат работата и помагаат и за млекото земаат и по 700 евра. Во дебарско сигурно има од 40 до 50 овчари од Албанија кои се грижат за овците. Во гостиварско има дел домашни, а дел овчари од Албанија. Луѓе од Албанија одат да чуваат овци и во Битола или Ресен. Луѓето овде не сакаат да ја работат оваа работа, сметаат дека е тешка“, рече Аме.
Тој објаснува дека доколку не ги платат добро искусните овчари, тие можат да најдат работа и во Хрватска, каде исто така се бараат за чување на стока. Вели дека во Дебар и Центар Жупа бројот на грла варира од 40.000 до 44.000. Имале две до три години кога бројот на грла се зголемувал, но сега е обратно. Како причина ја наведува ниската цена на јагнето. Аме објаснува дека за да им се исплати трудот, цената треба да е над 200 денари за килограм, а доколку изнесува 180 денари, тогаш само ги покриваат трошоците. Под оваа цена е нерентабилно да се чуваат јагниња. Вели дека во тешките години, за нив е добро тоа што овчото сирење се троши на домашниот пазар, и на тој начин компензираат.
Како што деновиве пишуваа хрватските медиуми, од Нова година наваму Хрватите треба да најдат работна сила во својата земја, а дури потоа можат да ја бараат од странство. Но, Хрватите иако ги има во голем број во Агенција за вработување како невработени, сепак не сакаат да чуваат овци, а газдите нудат плата, сместување, храна, и тутун за оние кои пушат.
Сања Атанасовскаfoto freepik
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




