Платформата за онлајн настава е подготвена, но 40.000 ученици немаат компјутери, ќе учат од телевизор
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2020 14:12
Националната
платформа за онлајн настава денеска ја презентираше министерката за образование
и наука, Мила Царовска, во присуство на премиерот Зоран Заев. Станува збор за
платформа која е многу едноставна за користење, а наставата ќе може да се следи
на македонски, албански, турски, српски и бошњачки јазик.
-Целта е да се одржи образовниот процес во услови на пандемија и отворање нови можности, да се работи на нови методи и пристапи како подготовка за иднината. Воведувањето на платформата како новина треба на оригинален и креативен начин да обезбеди комуникација меѓу наставниците и учениците. Преку лесната достапност до содржините се доближува образованието до каналите кои учениците често ги користат и е добра замена за традиционалното учење, истакна министерката Царовска.
При презентацијата беше прикажано дека на платформата ќе се користат сите аудио и видеоматеријали, како и брзи квизови и тестови, а освен тоа министерката потенцираше дека дури и ученици ќе може да ја дополнуваат и да ја надградуваат платформата.
Во меѓувреме, течат обуките за наставниците, а откако тоа ќе заврши, платформата ќе биде тестирана во одредени училишта.
Сепак, онлајн настава не може да следат дури 40.000 ученици во Македонија бидејќи немаат технолошка можности, компјутери и интернет. За нив, како што истакна Царовска ќе бидат достапни снимени материјали од часовите кои ќе се емитуваат на МРТВ.
– Се предвидуваат 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Македонската телевизија, на посебни канали кои се обезбедени, за да може секое дете да има пристап до наставните материјали. Дополнително, училиштата ќе имаат обврска да ги испечатат потребни материјали и да се достават до секое дете преку родителите, а потоа да се вратат назад за да се оценат, рече Царовска.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




