18 Декември, 2025
0.1835

ПЛАТИЛЕ РЕЧИСИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТАН ВО БЕЛГРАД - еве како се движат цените на пазарот на недвижнини во соседството

Објавено во: Економија, Балкан 28 Октомври, 2025 10:40

Добивај вести на Viber

Пазарот на недвижности во Србија во вториот квартал од 2025 година покажува зголемување на активноста, во споредба со истиот период минатата година, со раст на пазарната вредност од 13,9 отсто и зголемување на бројот на трансакции од 2,3 проценти, пренесуваат медиумите од соседството.

Најголем удел во вкупната вредност на тргуваните недвижности има продажбата на станови со 1,2 милијарди евра (со учество од 60 отсто од вкупната тргувана вредност), според извештајот на Републичкиот геодетски завод (РГЗ).

Притоа се посочочува дека дури 161,7 милиони евра што достигнува 8 проценти од вкупната вредност се издвоени за куќи, додека 156,7 милиони евра или скоро 8 отсто од вкупната вредност за градежно земјиште. 

Следно на листата се средствата одвоени за деловен просторо кои достигнале 86,7 милиони евра или 4 отсто од вкупната вредност, а 49 милиони евра или 2 проценти од вкупната вредност за земјоделско земјиште.

Кога станува збор за начинот на плаќање, 15 отсто од сите тргувани недвижности се финансирани преку кредити, што е зголемување од 6 процентни поени во споредба со истиот период минатата година. Поголемиот дел од кредитите се искористени за купување станови, при што 34 проценти од сите купувања се извршени на овој начин, што е забележително зголемување во споредба со 23 отсто во истиот период минатата година.

Во вториот квартал од 2025 година, бројот на договори за купопродажба во поголемите градови значително се зголеми во споредба со истиот период минатата година: во Ниш 15,9 отсто, во Белград 7 проценти, во Нови Сад 3,2 отсто. 

Единствен исклучок е Крагуевац, каде што е забележано намалување од 3,3 проценти.

Вкупно 659,7 милиони евра се издвоени за станови во Белград.

Највисоки цени

Станот за кој беа издвоени најмногу пари во вториот квартал од 2025 година беше стан во вредност од 1.833.506 евра, со површина од 537 квадратни метри и сместен на територијата на градската општина Савски Венац (Град Белград). Најскапиот квадратен метар стан беше продаден на таа локација во вториот квартал од 2025 година и изнесуваше 9.056 евра/м2.

Најскапата куќа беше продадена во општина Савски Венац (Град Белград), со парцела од 1.722 квадратни метри, за 3.800.000 евра.

Најскапиот квадратен метар канцелариски простор беше продаден во општина Врачар (Град Белград), за 5.617 евра/м2, додека највисоката договорена цена за канцелариски простор од 1.200.000 евра, со површина од 635 квадратни метри, беше продадена во градот Нови Сад.

Најскапиот гаражен простор е продаден во општина Звездара (Град Белград), по цена од 56.000 евра.

Најскапиот квадратен метар земјоделско земјиште (полски култури) е продаден во општина Ириг, по цена од 34 евра/м2 за парцела со површина од 5.873 квадратни метри.

Највисоката вредност на договорот за земјоделско земјиште (полска култура) во Република Србија е 1.246.451 евра, реализиран е на територијата на општина Кула за парцела од 86 хектари 45а 09 м2.

Фото: Фактор

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје