23 Ноември, 2024
0.0291

Платите во Бугарија растат галопирачки, во Софија просекот е 1.400 евра бруто

Објавено во: Економија 12 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Наспроти позадината на сѐ уште високата инфлација и недостигот на работна сила, платите во Бугарија продолжуваат да растат со двоцифрена стапка, но се очекува растот да забави благо откако претходно достигна рекорди. Просечното бруто покачување се зголеми за нешто повеќе од 13 отсто во текот на минатата година и достигна 1.957 лева (1.000 евра) во вториот квартал од 2023 година, а во главниот град е значително поголем - 2.700 лева (1.400 евра), покажуваат податоците на националното статистичко биро. 

Двигател на вкупниот пораст, како и во претходните периоди, останува бизнис секторот, каде што платите растат за 14 проценти, додека оние во јавниот сектор се движат малку побавно и растат за 10 отсто. 

Во поголемиот дел од минатата година, растот на платите заостануваше зад оној на цените на производите за широка потрошувачка, што практично ја јадеше нивната куповна моќ. На крајот на 2022 година, сепак, трендот се промени. Според последните податоци, зголемувањето на платите сега ја надминува инфлацијата, која беше околу 10 олтсто во вториот квартал. Ова важи за повеќето сектори, но има исклучоци како рударство, јавна администрација, финансии, образование, каде што растот е помеѓу 6 и 10% и не успева да ги достигне цените. Лидери во однос на растот се енергетскиот, градежниот и транспортниот сектор.

Главната причина за континуираниот брз пораст на платите е притисокот да се надомести за зголемените трошоци за живот. Подеднакво важен фактор, сепак, е и прегревањето на пазарот на труд. Наспроти позадината на историски ниските нивоа на невработеност, компаниите од сите сектори го посочуваат недостигот од вработени како една од главните тешкотии со кои се соочува нивното работење, што ги наведува да понудат поконкурентна плата.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria