30 Август, 2024
0.0289

ПЛЕНКОВИЌ: Во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Северна Македонија

Објавено во: Македонија 29 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Хрватска останува подготвена да помогне на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, вели хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по средбата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски.

Тој вели дека Хрватска ќе се залага за што подинамичен процес на пристапување на Северна Македонија кон Унијата. 

„Во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Северна Македонија и созреа времето кога сето тоа треба да се респектира“, изјави Пленковиќ. 

Додаде дека нашата земја направила многу отстапки. 

„Мислам дека толку отстапки се направени од македонска страна што ретко која држава би прифатила да направи толку исчекори од своја страна за да го забрза својот пат кон членството во Европската Унија“, вели хрватскиот премиер. 

Мицкоски вели дека неправдата која е нанесена на земјата во изминатите две и пол децении е голема и дека се направени отстапки како никој друг, тргнувајќи од привремената рефренција на името на државата, преку менувањето на знамето и банкнотите, до промената на името на државата со Преспанскиот договор. 

„Ние имаме многу внатрешни проблеми и тие ќе ги решаваме и тука не треба да има дилема, ќе работиме колку е потребно. Ние направивме доволно сега треба некој да ни ја подотвори врата за да можеме да влеземе во таа просторија за да почнеме да преговараме и да покажеме колку можеме“, рече Мицкоски.

Тој оцени дека земјата е во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на ЕУ е голема.

Можеби ќе ве интересира

„Она што е склучено по договор ние мора да го продолжиме“: Мисајловски најави дека хеликоптерите ќе почнат да пристигнуваат во 2026 година

„Она што е склучено по договор ние мора да го продолжиме“: Мисајловски најави дека хеликоптерите ќе почнат да пристигнуваат во 2026 година

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром

Лефков: Бисера Костадиновска Стојчевска платила 400 евра за луксузна вечера

Лефков: Бисера Костадиновска Стојчевска платила 400 евра за луксузна вечера

И ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ БЕЛЕЖИМЕ НЕГАТИВЕН ПРИРОДЕН ПРИРАСТ: намален и бројот на бракови

И ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ БЕЛЕЖИМЕ НЕГАТИВЕН ПРИРОДЕН ПРИРАСТ: намален и бројот на бракови

„Наместо да работат во интерес на граѓаните тие го попречуваат секој чекор“: Левица со остра критика за советниците во Град Скопје

„Наместо да работат во интерес на граѓаните тие го попречуваат секој чекор“: Левица со остра критика за советниците во Град Скопје

МУВЛА, ДУПНАТИ ТАВАНИ, РАЗРУШЕНИ ЅИДОВИ - матичната служба во Ѓорче Петров во очајна состојба (ВИДЕО)

МУВЛА, ДУПНАТИ ТАВАНИ, РАЗРУШЕНИ ЅИДОВИ - матичната служба во Ѓорче Петров во очајна состојба (ВИДЕО)

ПОЗНАТ МОДЕН БРЕНД ЗАТВАРА 40 ПРОДАВНИЦИ! Речиси 300 работници наскоро ќе завршат на улица

ПОЗНАТ МОДЕН БРЕНД ЗАТВАРА 40 ПРОДАВНИЦИ! Речиси 300 работници наскоро ќе завршат на улица

„ИТНА ИСТРАГА ЗА НАВОДНИ ФИНАСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИ ВО МОК“: Левица бара оставка од Даниел Димески

„ИТНА ИСТРАГА ЗА НАВОДНИ ФИНАСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИ ВО МОК“: Левица бара оставка од Даниел Димески

ПОВТОРНО ДОЛГИ КОЛИНИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ - на „Табановце“ и „Богородица“ најдолго се чека

ПОВТОРНО ДОЛГИ КОЛИНИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ - на „Табановце“ и „Богородица“ најдолго се чека