30 Август, 2024
0.0266

ЦАРИНА ЌЕ СЕ „ПРОШИРИ“ СО УШТЕ ЕДНО РАКОВОДНО СТОЛЧЕ: се менува законот, ќе има двајца заменици

Објавено во: Македонија 29 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Царинската управа во следниот период ќе добие уште еден заменик-директор, и ќе биде првата институција во земјава која ќе има две позиции заменик-директор. Ова е утврдено со предлог закон кој веќе е во Собрание, а кој го изготвија владини пратеници. Се очекува да биде изгласан без проблем, бидејќи е предлог на власта.

Предлагачи на оваа измена се Бобан Карапејовски (ЗНАМ), Бојан Стојаноски (ВМРО-ДПМНЕ), Даниела Белимова (ЗНАМ), Жаклина Пешевска (ВМРО-ДПМНЕ), Миле Цеков (ЗНАМ), Павле Арсоски (ЗНАМ), Тони Јаревски (ВМРО-ДПМНЕ).

Наспроти бомбастичното укинување на економските директори во медицинските установи, за кои исто така имаше голема „врева“ во јавноста при одлуката за нивно поставување, овој пат, дополнителниот заменик директор во Царинската управа се уште е непознат термин во јавноста.

Како што пишува во предлог законот, согласно актуелниот закон, раководната структура во Царинската управа е директор и заменик директор, но со измените институцијата би добила уште еден земеник директор, како што се наведува, и притоа се нагласува дека со оваа измена „се доуредува раководната структура на Царинската управа и се овозможува поефективно вршење на работите од надлежност на институцијата“.

Со ова се отвара уште една раководна позиција, на која најверојатно ќе седне уште еден партиски кадар, но од која партија во владејачката коалиција ќе биде тој, доправа ќе видиме. На директорското место на Царина сега е поставен Бобан Николовски кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека на позицијата заменик директор е Гарип Каба од редовите на „Вреди“.

Дали новиот заменик ќе биде од редовите на ЗНАМ, со оглед дека најголем дел од предлагачите на законските измени се од нивните редови, заедно со пратеници од ВМРО, допрва ќе дознаеме.

„Со Законот за Царинската управа се уредуваат и надлежностите, опфатот на работите и структурата на Царинската управа. Со Предлог-законот тие се доуредуваат, а со измените ќе се дорегулира раководната структура и ќе се обезбеди подобро извршување на надлежностите на Царинската управа. Со предложеното решение ќе се обезбеди поефикасно и поефективно вршење на работите од надлежност на институцијата и ќе се дорегулира раководната структура“, нагласуваат предлагачите.

Со работата на Царинската управа раководи директор кој го именува и го разрешува Владата.  Директорот на Царинската управа има заменик кој го именува и разрешува Владата. Директорот и заменик-директорот се именуваат на предлог на министерот за финансии по спроведен јавен оглас за избор, објавен во три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Македонија од кои еден се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и имаат мандат од четири години.

Директорот и заменик директорот за својата работа и работата на Царинската управа лично е одговорен пред Владата и министерот за финансии. За директор и заменик-директор, може да биде именувано лице кое е државјанин на Македонија, во моментот на именувањето нема судска пресуда казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование, најмалку пет години работно искуство и да поседува сертификат за солидно познавање англиски јазик не постар од пет години.

П.О. 

Фото: Принтскрин/Царинска управа/Фејсбук - Директор на Царинска управа Бобан Николовски 

Можеби ќе ве интересира

„ИТНА ИСТРАГА ЗА НАВОДНИ ФИНАСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИ ВО МОК“: Левица бара оставка од Даниел Димески

„ИТНА ИСТРАГА ЗА НАВОДНИ ФИНАСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИ ВО МОК“: Левица бара оставка од Даниел Димески

ПОВТОРНО ДОЛГИ КОЛИНИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ - на „Табановце“ и „Богородица“ најдолго се чека

ПОВТОРНО ДОЛГИ КОЛИНИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ - на „Табановце“ и „Богородица“ најдолго се чека

„Годинава се запленети 104 парчиња оружје, 9 автоматски пушки, 39 пиштоли, 35 ловни пушки“: Тошковски за нелегалното оружје во земајва

„Годинава се запленети 104 парчиња оружје, 9 автоматски пушки, 39 пиштоли, 35 ловни пушки“: Тошковски за нелегалното оружје во земајва

ЧИТАЊЕ НА КНИГИ: Психолoг објаснува зошто оваа навика е добра за менталното здравје

ЧИТАЊЕ НА КНИГИ: Психолoг објаснува зошто оваа навика е добра за менталното здравје

ЗОШТО ВОРЕН БАФЕТ ПРОДАДЕ АКЦИИ „ТЕШКИ“ 982 МИЛИОНИ - се појави чуден совет за инвеститорите

ЗОШТО ВОРЕН БАФЕТ ПРОДАДЕ АКЦИИ „ТЕШКИ“ 982 МИЛИОНИ - се појави чуден совет за инвеститорите

„Следно е потпишување договор за соработка меѓу министерот и чуварот Перо“: Најчевска без „влакна на јазикот“

„Следно е потпишување договор за соработка меѓу министерот и чуварот Перо“: Најчевска без „влакна на јазикот“

ЛЕТО И ВО СЕПТЕМВРИ: Попоски најавува невообичаени температури и во следниве две недели

ЛЕТО И ВО СЕПТЕМВРИ: Попоски најавува невообичаени температури и во следниве две недели

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пленковиќ вели дека за 20 години имало многу неправди кон Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пленковиќ вели дека за 20 години имало многу неправди кон Македонија

ЦУК: Пет активни пожари и конечно изгаснат пожар на Галичица

ЦУК: Пет активни пожари и конечно изгаснат пожар на Галичица