СТОЈАНОВСКИ ДО АРСОВСКА: Eве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември
Објавено во: Македонија 29 Август, 2024 15:50
ВМРО-ДПМНЕ не гласаше ниту за набавка на нови екоавтобуси.
Советниците на Град Скопје не го поддржаа предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови екоавтобуси.
Претседателот на Совет Трајко Славески, рече дека градоначалничката ги потценува сите со тврдењето дека со еден денар може да се набават автобуси.
Арсовска рече дека место пари за кредит се дозволува да се искористат буџетските средства од градот, а остави можност на советниците да пишат во денари колку пари од Буџетот сакаат да се одделат за оваа намена за да тргне процесот.
Претходно, не беше изгласана ни потребата од Бас рапид транзит системот.
„Во понеделник е втори септември, децата почнуваат со училиште, речиси сите се враќаат на работа и еве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември затоа што вие овде што го зборувате е за набавка на автобуси. Тоа е за една година од сега“, рече советникот Мартин Стојановски.
Градот е во хаос, а по тој повод претходно градоначалничката беше на средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




