Максим Димитриевски плати казна за зонско паркирање
Објавено во: Македонија 29 Август, 2024
Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, плати казна од 1.000 денари за зонско паркирање и истовремено го пофали градското претпријатие „Куманово паркинг“ за неселективност.
„Нулта толеранција! Респект Куманово паркинг!“, напиша Димитриевски на Фејсбук, истовремено објавувајќи фотографии од неговото возило со поставена „канџа“ и платената сметка.