30 Август, 2024
0.0262

Клиника Жан Митрев со нови инвестиции до врвен здравствен систем со сите услуги на едно место

Објавено во: Македонија 29 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Со нови инвестиции во најсовремена опрема, отворање на нови оддели и дополнителна соработка со над 30 доктори, Клиниката Жан Митрев е пример за здравствен систем единствен од овој тип во регионот. Последнава година инвестирани се дополнителни 5 милиони евра во врвна опрема за постоечките и новите оддели во Клиниката, ангажирани се доктори специјалисти од јавниот, приватниот сектор и повратници од странство кои веќе се дел од тимот на Клиниката.

„Горд сум што денеска имаме Клиника којашто е реткост во регионот, со целосна дигитализација, нова технолошки најнапредна опрема и тим од доктори кои се посветени на својата работа и експерти во својот домен на работа. Во последните неколку месеци склучивме договори за соработка со над 30 лекари, врвни специјалисти во своите области и успеавме да Клиниката да ја ставиме на мапата во регионот како врвна болница каде сите услуги ги има на едно место“, објави доктор Жан Митрев претставувајќи ги денеска своите соработници и одделите кои се отворени во рамки на болницата.

Тој потенцираше дека ги отвора вратите за сите доктори кои сакаат да бидат дел од Клиниката и дека „целиот процес е во интерес на пациентите, кои ќе имаат подобри услуги, се подигнуваат стандардите за тоа како треба да изгледа една Клиника во Македонија, а во исто време го искористуваме целосниот капацитет на болницата. Имаме се помалку врвни доктори, едниствено може да се здружиме и заеднички да понудиме врвна медицинска услуга“, истакна Митрев.

Клиниката вложи во комплетно нов технолошки понапреден мониторинг систем, нов коронарограф како и врвен микроскоп за изведување на операции во делот на неврохирургијата. Се отвора нов STROKE центар за мозочни удари и други состојба, центар за офтамологија во соработка со Промедика Офталмологија, обезбеден е и нов апарат за 3Д видео торакоскопија за канцер на бели дробови.

Новоотворениот Центар за стоматологија е со современ, со нетипичен амбиент и со 24часовна достапност каде се работи без болка односно со целосна анестезија за деца и возрасни. Во Центарот за естетска дерматологија има проширување и надградување со нова апаратура (Фотофајндер – скенирање на кожата на цело тело со мапирање на бенки со вештачка интелигенција), Хипербарна комора, Нордлис ласерска платформа 5 во 1. 

Во абдоминалната хирургија набавен е нов апарат за 4К ендоскопска технологија за најпрецизна видливост, а кај васкуларната хирургија се воведува радиофреквентната аблација, најсовремена метода за третман на вени. Во клиниката е набавена апаратура за спроведување минимално инвазивни зафати за решавање на дискусхернии без операција под ангиограф.

За медицинскиот директор на Клиниката, д-р Емил Стоицовски важно е што тимот се збогатува и се прошируваат услугите. „Имаме соработка со над 30 доктори одјавното здравство, а и дел од тимот стануваат медицински лица – доктори и сестри кои се враќаат од странство за да останат во Македонија.“


Можеби ќе ве интересира

„ИТНА ИСТРАГА ЗА НАВОДНИ ФИНАСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИ ВО МОК“: Левица бара оставка од Даниел Димески

„ИТНА ИСТРАГА ЗА НАВОДНИ ФИНАСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИ ВО МОК“: Левица бара оставка од Даниел Димески

ПОВТОРНО ДОЛГИ КОЛИНИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ - на „Табановце“ и „Богородица“ најдолго се чека

ПОВТОРНО ДОЛГИ КОЛИНИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ - на „Табановце“ и „Богородица“ најдолго се чека

„Годинава се запленети 104 парчиња оружје, 9 автоматски пушки, 39 пиштоли, 35 ловни пушки“: Тошковски за нелегалното оружје во земајва

„Годинава се запленети 104 парчиња оружје, 9 автоматски пушки, 39 пиштоли, 35 ловни пушки“: Тошковски за нелегалното оружје во земајва

ЧИТАЊЕ НА КНИГИ: Психолoг објаснува зошто оваа навика е добра за менталното здравје

ЧИТАЊЕ НА КНИГИ: Психолoг објаснува зошто оваа навика е добра за менталното здравје

ЗОШТО ВОРЕН БАФЕТ ПРОДАДЕ АКЦИИ „ТЕШКИ“ 982 МИЛИОНИ - се појави чуден совет за инвеститорите

ЗОШТО ВОРЕН БАФЕТ ПРОДАДЕ АКЦИИ „ТЕШКИ“ 982 МИЛИОНИ - се појави чуден совет за инвеститорите

„Следно е потпишување договор за соработка меѓу министерот и чуварот Перо“: Најчевска без „влакна на јазикот“

„Следно е потпишување договор за соработка меѓу министерот и чуварот Перо“: Најчевска без „влакна на јазикот“

ЛЕТО И ВО СЕПТЕМВРИ: Попоски најавува невообичаени температури и во следниве две недели

ЛЕТО И ВО СЕПТЕМВРИ: Попоски најавува невообичаени температури и во следниве две недели

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пленковиќ вели дека за 20 години имало многу неправди кон Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пленковиќ вели дека за 20 години имало многу неправди кон Македонија

ЦУК: Пет активни пожари и конечно изгаснат пожар на Галичица

ЦУК: Пет активни пожари и конечно изгаснат пожар на Галичица