30 Август, 2024
0.0273

Треба да платиме 77 милиони евра за да ги намалиме загубите на струја и да плаќаме помали сметки

Објавено во: Економија 29 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Пресметката на „Електродистрибуција“, фирмата-ќерка на АД ЕВН, во објавениот План за намалување на загубите на електрична енергија, е дека во тековниот и наредниот период ќе се потрошат 77 милиони евра за дислокација на броилата, надвор од имотите на потрошувачите, заради намалување на загубите на електричната енергија во дистрибутивната мрежа.

Македонија е една од земјите во Европа во која најмногу се губи струјата, поради што делумно плаќаме и повисоки сметки за електрична енергија. Се губи околу 14 отсто од струјата, која сепак на крајот ја плаќаат потрошувачите. Една од мерките која ја има преземено „Електродистрибуција“ е дислокација на броилата во мерни ормари надвор од имотот на корисниците. Истовремено се врши инсталирање на броила со далечинско отчитувње и исклучување и тоа е убедливо најефикасна мерка, според фирмата на ЕВН.

„Оваа мерка која се однесува на групни дислоакции на мерни места заради намалување на загуби, досега во пракса се покажа како убедливо најефикасна во намалување на загубите. Уште повеќе, со реализација на оваа мерка, не само што најмногу се намалуваат загубите, туку истата има најголемо влијание и на намалување на вкупните загуби во целата мрежа“, велат од „Електродистрибуција“, од каде што дополнуваат дека оваа инвестиција носи и други поволности за потрошувачите.

Најголеми загуби има во скопските региони, а понатаму следуваат Гостивар, Куманово и Прилеп. Промената ќе трае десет години, а пресметките се дека загубите потоа ќе изнесуваат 10 отсто на ниво на целата држава.

Ќе се дислоцираат повеќе од 50.000 групни броила во Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп, Кичево, Струга и Струмица. За ова ќе бидат потребни 77,5 милиони евра, од кои најмногу - 26,5 милиони евра за скопскиот регион кој гравитира кон Куманово. Промената е почната лани, а ќе трае до 2033. Од компанијата се свесни дека ова ќе повлече и ризици на терен. Најмногу проблеми имале во Арачиново, Сингелиќ, Серава, Сарај, Грчец, итн. Тука компанијата стравува дека се можни и манипулации со новите електронски броила.

„Проблем со кој постојано се соочуваме при реализацијата на тековните проекти, а кои сигурно ќе ги има и при идните групни дислокации се: постојан отпор на локалното население за реализација на дислокациите, напад на нашите вработени, групирање на локалното население, не дозволување на пристап на веќе дислоцираните мерни места, манипулации на броилата на дислоцираните мерни места, енергетски, економски, социјални кризи“, предупредуваат оттаму.

Според годишниот извештај за 2023 на Регулаторната комисија за енергетика, лани сме платиле 95 милиони евра за покривање на загубите во електродистрибутивниот систем. Струјата се купувала преку ЕСМ, МЕПСО и пазарот на електрична енергија.

Од „Електродистрибуција“ дополнуваат дека истовремено ќе продолжи промената на поединечните броила, за чии потрошувачи се смета дека реално трошат повеќе струја. Ќе продолжи и замената на трансформаторите и на самата мрежа за да се намалат загубите.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КИНА СО ИНЗВОРЕДЕН НАПРЕДОК ВО НУКЛЕАРНАТА ИНДУСТРИЈА - пет нови проекти добија „зелено светло“

КИНА СО ИНЗВОРЕДЕН НАПРЕДОК ВО НУКЛЕАРНАТА ИНДУСТРИЈА - пет нови проекти добија „зелено светло“

Перо Антиќ во „Бизнис Муабети“: Во нашата држава немам бизнис, една плата можам да ја потрошам за роденден

Перо Антиќ во „Бизнис Муабети“: Во нашата држава немам бизнис, една плата можам да ја потрошам за роденден

ГОЛЕМА ЗДЕЛКА СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА, „ПОДРАВКА“ КУПУВА НЕКОЛКУ ФИРМИ - треба да се изјасни и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, еве зошто

ГОЛЕМА ЗДЕЛКА СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА, „ПОДРАВКА“ КУПУВА НЕКОЛКУ ФИРМИ - треба да се изјасни и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, еве зошто

СИТЕ ПАРИ ЗА ТЕНДЕРИ КАЈ НЕКОЛКУ ФИРМИ: ЕСМ, ТИРЗ, ЈПДП со свои „омилени“ оператори

СИТЕ ПАРИ ЗА ТЕНДЕРИ КАЈ НЕКОЛКУ ФИРМИ: ЕСМ, ТИРЗ, ЈПДП со свои „омилени“ оператори

ЗА ПРАЗНИ СТАНОВИ И ВИКЕНДИЦИ: Хрватска воведува нова давачка

ЗА ПРАЗНИ СТАНОВИ И ВИКЕНДИЦИ: Хрватска воведува нова давачка

ВО ДВЕ БАЛКАНСКИ ЗЕМЈИ: Цените на многу производи се намалуваат

ВО ДВЕ БАЛКАНСКИ ЗЕМЈИ: Цените на многу производи се намалуваат

ДОБРА ВЕСТ ЗА ГЕРМАНЦИТЕ: Инфлацијата ќе се намали

ДОБРА ВЕСТ ЗА ГЕРМАНЦИТЕ: Инфлацијата ќе се намали

Николоски: Нема пари за автопатот кон Блаце, го направиле да чини 240 милиони евра

Николоски: Нема пари за автопатот кон Блаце, го направиле да чини 240 милиони евра

КОЈ ЌЕ ПОДЕЛИ 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ФОРМА НА ДИВИДЕНДА ЗА ЛАНИ - ОИЛКО со добра вест за своите акционери

КОЈ ЌЕ ПОДЕЛИ 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ФОРМА НА ДИВИДЕНДА ЗА ЛАНИ - ОИЛКО со добра вест за своите акционери