Плус 32.000 невработени во земја од регионот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 24 Декември, 2020
Во Хрватска се намали бројот на вработени и скокна бројот на невработените.
Ова го покажуваат податоците на Централното биро за статистика за третиот квартал. Бројот на вработени во третиот квартал во Хрватска се намали за 26.000 на годишно ниво, а бројот на невработени се зголеми за 32.000 и сега е 135.000. Сега стапката на невработеност во Хрватска е 7,5 проценти, јави Хина. Според истражувањето, во третиот квартал од оваа година во Хрватска имало околу 1,7 милиони вработени, што е за 10.000 или 0,6 проценти повеќе отколку во претходниот квартал. Во третиот квартал од оваа година имало околу 1,5 процент помалку вработени. Бројот на невработени се зголеми на годишно ниво за 31 процент, а на квартална основа за 17,4 проценти. И во делови од Европа расте бројот на невработени, но и на социјални случаи. Во Франција се зголемил бројот на социјални случаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.