25 Ноември, 2024
0.0257

ПНЕВМОНИЈА И ЦИТОКИНСКА БУРА ПОМИНА МОЈАТА 2-ГОДИШНА ЛУЛУ: Не убедуваа дека нема место за паника-мајка објави сведоштво да помогне на други родители

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Инес Ефремова, мајка на двегодишно девојче предупреди дека корона вирусот предизвикува многу тешка клиничка слика и кај најмладите и порача до останатите родители внимателно да го следат секој симптом и секој знак во случај нивното дете да е заразено со ковид.

Во објава на Фејсбук ја разкажа нејзината приказна и сите патешествија кои ги поминуваат откако нејзината Лулу е позитивна на вирусот. Цели 10 дена ги убедувале дека нема простор за паника, за потоа девојчето да добие и пневмонија и цитокинска бура.

-Сакам да ја споделам голготата што мојата 2-годишна ќерка ја пројде поради короната, пред сè, затоа што можеби ќе помогне некому, па нема да завршите со пневмонија и цитокинска бура додека докторите ве убедуваат дека не ви е ништо. Имено, пред три недели моја Лулу разви температура. Ден потоа развив и јас, веднаш се тестерива и испаднав позитивна на ковид. Се изолиравме, комунцирав со својот матичен лекар за терапија и не ни помислував дека ќерка ми ќе има последици пошто нели „на деца нишо не им е“. После третиот ден мојата температура прекина но, Лулу продолжи да качува. Направивме крва слика, ја однесовме на преглед и матичната нè врати дома велејќи ни да почекаме до 5ти ден со фебрилност. Без да има подобрување, на 5иот ден истиот круг – крвна слика, преглед и матична која нè убедува дека нема простор за паника. Но, со сопругот не сме скроз аналфабети за медицина и веќе почнавме сериозно да се загрижуваме. Доаѓа 7ми ден како Лулу качува температури до 39.5, пак прегледи, крвни слики и пак убедувањеда почекаме.

Тогаш решивме дека веќе нема да чекаме одговори од матичната докторка и се упативме во Институтот за белодробни заболувања Козле. Таму и’ направија рентген на бели дробови на Лулу и не вратија дома, велејќи дека ќерка ни е добра. Доаѓа 9ти ден, Лулу на интервали од 4 часа (односно штом помине дејството на антипиретикот) постојано качува температури од над 39 степени. 3ти пат одиме во Козле, втор доктор го гледа рентгенот на Лулу, вели дека плуќата и’ е во ред, ни препишува антибиотик и пак не праќа дома. Вечерта поворно Лулу гори. Тука со сопругот решаваме дека или ќе ја хоспитализираат Лулу во Козле, или ќе молиме во некоја од приватните болници за прием, ама веќе дома не седиме. После долго инсистирање, конечно не’ примија. Утредента и направија испитувања и испадна дека не само што белите дробови не и’ се во ред, односно има пневмонија, туку дека има и цитокинска бура. Следеше интравенозна терапија со корикостероид и антибиотик и 10 дена лежење во болница. Тука ќе прекинам со раскажување од остатокот на хоророт, затоа што не ми е поентата да повторам колку ни се некомпетентни докторите и колку ни е во распад здраството.

Го кажувам ова за, доколку сте родител, не спиете на увото „дете е, ко на куче ќе му помине короната“. Исто, за секоја температура која трае повеќе од 3 дена, да не прифаќате ништо помалку од терапија и дополнителни испитувања ако температурата трае 5 дена. Воедно, со оглед на тоа дека последиците од корона се појавуваат многу често од 7миот до 13иот ден, да бидете будни и внимателно да следите ситуација дури и ако има подобрување во првичните симптоми.

Не чекајте „другите“ или власта или било кој друг да ве заштити. Нема, треба сами да се штитите и да бидите бидете одговорни за себе и своите блиски. Образувајте се за своето здравје, имате многу медицински релевантни информации достапни на нет и имајте во предвид дека докторите прават (многу) грешки, а короната е болест за која уште малку се знае. Конечно, не верувајте дека омикрон е лабав и ковидот пројде. Козле е полно со деца со последици од ковид, Толку полно што немаат слободни кревети. А, имаат дечиња на кислородна поддршка, до толку е лошо.

А, за да не биде ова безлична приказна, еве го лицето на Лулу додека преку болнички прозор го гледаше тато со канила во рака.

Никогаш и никому да не се повтори, напиша Ефремова.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа