17 Декември, 2025
0.0551

По 3.500 евра казна за нелегалните продавачи на охридска белвица и пастрмка

Објавено во: Економија 10 Август, 2013 21:00

Добивај вести на Viber

Во угостителските објекти, рибарници и други овластени субјекти што вршат промет на риба на Охридско-струшката ривиера, на почетокот на овој месец спроведоа интензивирани контроли Инспектори од Одделението за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултура при Државниот инспекторат за земјоделство.

Притоа констатирано е дека некои од правните субјекти не поседувале документи за потеклото на рибата, односно била набавена и пуштена во промет од рибокрадци и преку нелегални трговци. Во рамки на акцијата спроведена на 1-ви овој месец биле одземени и отстранети од промет околу 30 килограми охридска белвица и пастрмка, а на правните субјекти што поседувале и набавувале риба без документ за потеклото им се изречени парични казни во износ од по 3.500 евра.

Во текот на вчерашниот ден во заедничка акција на полицијата и Државниоот инспекторат за земјоделство бил спречен албански државјанин во обид да прошверцува риба за соседна Албанија. Притоа биле запленети и одземени околу 30 килограми охридска белвица и крап.

Државниот инспекторат за земјоделство, односно Одделението за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата со седиште во Охрид ги потсетува угостителските објекти и рибарниците, како и сите чинители што се овластени да вршат промет на риба на нужноста од почитување на Законот за рибарство и аквакултура, конкретно одредбите што се однесуваат на неопходноста од поседување придружни документи за потеклото на рибата наменета за промет, како и на почитување на Правилникот за квалитет, големина, тежина и начин на декларирање на рибата наменета за промет.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас