ПО 50 ДЕНА ВО БОЛНИЦА ВО БИТКА СО КОВИД И СИМНАТИ 20 КИЛОГРАМИ - Рамиз Мерко ја напушти Инфективна
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2020 10:12
Откако пред 50 дена беше хоспитализиран на Инфективната клиника поради симптомни на Ковид 19, јавноста потоа не доби подетални информации за тоа каква е здравствената состојба на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
Вчера тој, по речиси двомесечна голгота со болеста, ја напушти Инфективната клиника, а сторијата за неговото излегување и за тоа како ги поминал болничките денови, ја објави Канал 5 телевизија.
„Во 50 дена поминати во Инфективната клиника, секое ново утро ми беше среќа и радост што сум го дочекал“, вака градоначалникот на Струга Рамиз Мерко го раскажа седумнеделното лекување на клиниката од Ковид 19, во изјава за телевизијата
„Енергија немам доволно но постепено се опоравувам. Тоа не е еден ден. Тоа не е две недели, сигурно ќе трае еден месец, два или три месеци, но јас сум оптимист дека помина добро и се враќам во нормала“, рече Мерко.
Притоа, за време на изминатиот период на леквање тој ослабел 20 килограми. За него најтежок момент било почетокот на болеста. Или, имал 110 килограми, а сега има нешто повеќе од 80.
„Најтежок момент беше почетокот кога ме ставија на апарат, маска со вакум дишење, тоа беше најтешко. Не знам од што и како заболев, дали бев на некоја свадба или од средбите со граѓаните. Да се носи задолжително маска, држење дистанца, никако групирање, никако дружење во поголеми групи“, рече Мерко.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




