По 6.000 денари на сметка: Нема да може да се повлекуваат во кеш, ама нема да се трошат само на македонски производи
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2020
Комплетно е променет концептот за финансиска поддршка на погодените категории граѓани, овојпат, за разлика од минатиот, кога парите ги добија на картичката купувам домашно. Веќе беше соопштено дека сега нема да има картички, но покрај тоа и парите нема да треба да се трошат само на домашни производи и услуги. По 6.000 денари на трансакциска сметка треба да добијат 283.000 граѓани на државата или вкупна 27,6 милиони евра треба да легнат на овие сметки откакако законот ќе помине на собрание. Но иако парите ќе треба да се трошат до крајот на годината најверојатно, за законското решение се уште не станало збор во Собранието. Материјалот треба да ги предвиде сите детали, но она што е јасно е дека сега поради тоа што парите легнуваат на сметка нема да има механизам да се провери дали ќе се купат домашни производи.
Според информации на Фактор парите од сметка нема да можат да се повлечат во кеш на банкомат, изборот за купеното ќе биде на самите граѓани. Кој добива помош треба да биде објавено на интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk но во моментов таа страница не функционира. Секако поради тоа што уште нема закон, многу е рано да се објавени списоците. На страницата дознаваме, ќе ги има и продавниците каде ќе може да се трошат парите.
Според првичните најави, по 6.000 денари на сметка ќе добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 пензионери, 85.108 невработени кои се пасивни баратели на работа, потоа самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници. Пари треба да добијат и 540 студенти кои не добиле во претходниот пакет, плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици. Право на помош ќе имаат и граѓаните кои навршиле возраст за пензионирање, ама немаат пензија ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.
Со овие измени практично и оди во историја проектот картички Купувам домашно. Ако во иднина повторно нема некоја помош тие картички ќе си останат во рацете на првичните иматели. Беа брендирани и граѓаните со нив купуваа исклучиво македонски производи и услуги. Најголем промотор беше тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.