Мециновиќ за веста со мигрантите: „Нè третираат како периферија за отпадни проекти!“
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2025 16:52
Пратеникот од Левица Амар Мециновиќ, ја критикува Владата за, како што вели, вклучување на Македонија во нови договори за формирањецентри за бегалци во име на побогати држави. Мециновиќ оценува дека таквата политика е понижувачка, опасна и штетна за државата.
- Непочитување кон луѓето, затоа што бегалецот не е товар што треба да се префрли во земја што нема глас во процесот;
- Непочитување кон Македонија, која се третира како периферна територија погодна за отпадни политички проекти кои големите сили не сакаат да ги реализираат дома, обид да се создаде паралелен систем со пониски стандарди, дисклоциран доволно далеку за да го олабави политичкиот притисок во матичните земји.
Во суштина, ваквите центри се создаваат не затоа што Македонија е „партнер“, туку затоа што е слаба. Економски зависна, дипломатски ранлива и крајно подобна за политичко уценување. Преместувањето на мигрантските процедури во земји надвор од Европската Унија создава нов тип на зависност: економска, политичка и безбедносна. Земјите од Балканот, кои веќе се наоѓаат во процеси на европска интеграција и финансиска зависност од Западот, стануваат ранливи на притисок, преговарачки уценувања и политичка инструментализација. Наместо да бидеме субјекти со сопствена стратегија за развој, стануваме дел од инфраструктурата на европското одвраќање на миграцијата. Ова имплицира ризик за регионалната стабилност, домашната политика и меѓународниот углед. Тоа е класичен пример за неоколонијално позиционирање на Балканот како тампон-зона, како простор за работи што никој во богатите држави не сака да ги види на својата територија“, додава Мециновиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“
Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија
„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани
Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ
„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти
„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен
Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно





