По анонимна дојава Антикорупциска отвори предмет против Коста Петров
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2022 18:34
Антикорупциска комисија отвори предмет против Коста Петров, поранешниот директор на ФИТР.
Против Коста Петров, поранешниот директор на Фондот за иновации, Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет во врска со доделените средства за издавачката куќа „Три“. Оваа издавачка куќа беше издавач на сите негови книги. Во ДКСК добиле анонимна дојава.
Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска кусо ја потврди информацијата дека по анонимна пријава ДКСК отворила предмет против Петров. Сепак, вели таа допрва ќе треба да се испита дали постои судир на интереси со оглед на фактот дека оваа издавачка куќа ги печатела сите досегашни книги на Петров. И пред и после неговата функција во власта, пишува 24. Петров за повеќе медиуми веќе објасни дека ниту донел одлука за финансирање, ниту склучил договор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




