19 Декември, 2025
0.0491

ПО ДВЕТЕ ГОЛЕМИ ТРАГЕДИИ ДИРЕКТОРОТ НА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ВЕЌЕ ЈА ДЕПОНИРАШЕ ОСТАВКАТА: „Ја испратив и по мејл и по пошта“

Објавено во: Македонија 11 Април, 2023 12:47

Добивај вести на Viber

Вчера ја најави, денеска веќе ја депонираше оставката, потврди за Фактор директорот на Клиничката Болница-Битола, д-р Александар Обедниковски, специјалист ортопед, сипспецијалист трауматолог.

По неполна година дена, тој ја напушта директорската функција, како што вели од морални причини бидејќи во последниве три недели таму се случија два немили настани, две големи трагедии кои силно ја вознемирија македонската јавност. Додека сè уште се чекаат резултатите од обдукцијата на шест-годишната Јана, која на 22.март почина само четири часа откако беше примена на Детското одделение, по дадена инфузија, во битолската болница, завчера, односно во неделата починало новороденче, само два часа по раѓањето.

По овој немил настан, д-р Обедниковски уште вчера најави дека се повлекува од функцијата директор на Клиничка Болница – Битола од морални причини. Денеска за Фактор не сакаше да даде подетални објаснувања, единствено што кажа е дека оставката веќе ја депонирал.

-Нема потреба од изјава, немам што да кажам. Оставката е депонирана и испратена и по меј и по пошта до Министерството за здравство. Инаку, кога е испратена по мејл, најбрзо може да се реагира, доставувањето по пошта може да доцни, кусо истакна Обедниковски за Фактор.

Инаку, во однос на трагедијата од завчера, како што извести Телма повикувајќи се на лекарски извори, младата мајка имала тешко породување при што бебето било извлекувано со вакум. Утре во Болницата ќе се спроведе вонреден инспекциски надзор за да се утврди дали е направен пропуст  при породувањето на 24 годишната битолчанка, која  според лекарски извори вчера имала тешко породување, а бебето било извлечено со вакуум. Но, имало бавни отчукувања на срцето и иако лекарите се обиделе да го реанимираат, тоа за жал по два часа починало.

Телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Инаку, во моментов во болницата се врши вонреден инспекциски надзор.

-Во врска со случајот со починатото новороденче во Клиничка болница Битола, информираме дека денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор. Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче. Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство, соопштија од Министерството за здравство.

Анита Буховски

ФОТО: YouTube/Print Screen/Telma TV

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија