ПО КОВИД ЛЕТОВИТЕ: Финска ја суспендира авиолинијата Скопје – Турку
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Август, 2020
Поради бранот патници заразени со коронавирусот, Финска ја стопира авиолинијата Скопје – Турку.
Финската влада сериозно размислува да ги укине летовите од Скопје за Турку, градот во Финска каде што изминатиот период на вкупно три авионски лета повеќе од 40 патници имале позитивен тест на коронавирус.
Mинистерот за транспорт и врски Тимо Карака до владата ќе достави предлог да се суспендираат сите летови од Скопје.
„Разгледуваме колку е флексибилна легислативата во вакви околности. Овој предлог ќе го доставам до владата и на седница ќе донесеме одлука. Се подготвуваме привремено да ја укинеме линијата меѓу Турку и Скопје. Сигурен сум дека можеме да изнајдеме некој транзициски период во кој Финците ќе се вратат дома“, изјавил Карака за хелсиншкиот весник „Саномат“.
Македонија е една од земјите која беше рангирана како „земја извозник“ на заразени со коронавирусот. Ваква листа составија Германците, а во друштво заедно со Македонија беа и другите земји од Западен Балкан.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.