05 Декември, 2025
0.0500

ПО ПАНДЕМИЈАТА: Во 10 земји ќе има глад од библиски размери

Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Април, 2020 07:21

Добивај вести на Viber

Пандемијата на коронавирусот ќе резултира со до сега невиден глад во светот, што ќе има библиски размери, предупредуваат денеска Обединетите нации. Проценките се дека бројот на гладните двојно ќе се зголеми, дури 250 милиони луѓе ќе молат за корка леб. Шефот на Светската програма за храна, Дејвид Бесли изјави дека во овој момент се итно потребни акции за да се избегне големата катастрофа што го очекува светот по пандемијата.

Во најголем ризик се 10 држави кои сега, освен со пандемијата, се соочуваат и со војни, економска криза и климатски промени, па во четвртиот глобален извештај за кризата со храна се наведени Јемен, Демократска Република Конго, Авганистан, Венецуела, Етиопија, Јужен Судан, Судан, Сирија, Нигерија и Хаити.

Пред пандемијата на корона вирусот делови од источне Африка и јужна Азија, веќе децении наназад се соочуваат со недостаток од храна како резултат на сушата.

Обраќајќи се во Советот за безбедност на Обединетите Нации, Бесли истакна дека светот мора мудро и брзо да делува.

- Би можеле да се соочиме со глад од библиски размери во рок од неколку месеци од сега, изјави тој.

Истовремено, економскиот аналитичар во Светската програма за храна, Ариф Хусаин рече дека економското влијание на пандемијата ќе биде катастрофално за милиони луѓе.

-Ова е удар со чекич за милиони во светот, кои единствено може да јадат само ако заработат. Мора веднаш колективно да се делува, барем за да се ублажи влијанието од пандемијата на коронавирусот, изјави Хусаин. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите