По половина година, повторно судење за масовни прислушкувања во Македонија
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2018 09:14
По половина година одложување поради обидите за екстрадиција на осомничениот азилант во Грција, Горан Грујевски, денеска продолжува судењето за случајот на СЈО „Таргет-Тврдина“ за уништување на опрема по седумгодишни масовни прислушкувања од страна на МБР.
Стартува низата со 100-тина сведочења предложени од СЈО, а прв денеска ќе биде инжењерот Ѓорѓи Лазаревски, кој заедно со Звонко Косотвски ги изнесоа „бомбите“ од УБК и беа заштитени како укажувачи.
Во февруари 2015 година, по објавувањето на бомбите, Горан Грујевски и Сашо Мијалков се обиделе да го скријат фактот дека незаконското следење на комуникациите се одвивало во просториите на Управата за безбедност и контраразузнавање. Мијалков му наредил на Грујевски да ги уништи системите Vernit и Nice Track во време кога Nice Track сè уште бил во употреба. Грујевски, заедно со шефот на одделот за координација во УБК, Тони Јакимовски, воспоставил ад хок комисија во отсуство на какви било законски основи. Процесот го одобрила Гордана Јанкулоска, тогашната министерка за внатрешни работи. Со таквите дејства, според СЈО, му била нанесена штета на буџетот од 87.261.058 денари.
Во предметот „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои чекаат политички азил во Грција, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.
Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност, тие се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.
Прислушкувани биле над 20 илјади граѓани.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




