По повлекувањето Galaxy Note 7 се враќа на пазарот во Европа
Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2016 13:56
Јужнокорејската компанија Samsung има намера да ја продолжи продажбата во Европа на несреќниот смартфон Galaxy Note 7 дури по два месеци, тврди Ројтерс.
Новиот модел беше повлечен од продажба по бројни случаи на запалување, како резултат на прегреана батерија.
Претходно оваа недела Samsung објави нова серија Galaxy Note 7 на пазарот во САД. Батериите на новите уреди се проверени и одобрени за продажба од страна на Комисијата за безбедност на потрошувачките производи (CPSC).
Што се однесува до Европа, сепак, корисниците ќе мора да почекаат уште два месеци, за да се направи безбеден Galaxy Note 7, според изјавата на директорот на маркетинг на европската продажба на Samsung Дејвид Лоус.
„Според нашата прогноза, Samsung Galaxy Note 7 ќе биде достапен во сите земји од регионот кон крајот на ноември оваа година“, уверува Лоус.
Според неговите зборови, повеќето смартфони од стартната група биле продадени во три земји - Велика Британија, Германија и Франција, каде што веќе е во сила програмата на Samsung за замена на неисправни уреди со нови.
Истовремено стана јасно дека Samsung не планира да го намали обемот на планираната рекламна кампања за Galaxy Note 7. „Ние создадовме причина за појава на голема побарувачка, која се надеваме дека ќе ја задоволиме со максимално кратки рокови“, коментира Дејвид Лоус.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




