По првиот ден од повторното отворање на скопскиот и охридскиот аеродром: Повеќе заминаа, отколку што дојдоа
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2020 08:23
Вчера по три и пол месеци првите патници пристигнаа и заминаа од скопскиот и охридскиот аеродром, следејќи ги новите правила за патување со цел заштита од Ковид-19.
На првиот работен ден на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 292 патника, а од него полетаа 448, додека на „Апостол Павле“ во Охрид допатуваа 38 а замина 144 патници.
Прво слетување направи авионот на Туркиш ерлајнс, кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници, а веднаш по него, слета и авионот на Пегасус ерлајнс, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патника.Први полетаа авионите за Стокхолм (6:26h), Келн (6:42h) и Бремен (7:25), со авиокомпанијата Визер.
Во периодот на прекинот на авиосообвраќајот, кој траеше од 19 март до 30 јуни, беа реализирани 54 хуманитарни летови, од кои 20 за влез во државата и 34 за излез, и беа превезени вкупно 4 531 патник. Од вкупниот број летови, 18 беа за медицински цели.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




