04 Октомври, 2024
0.0281

ПО РАСПРАВИЈА ГО НАПАДНАЛЕ СОСЕДОТ СО ТВРДИ ПРЕДМЕТИ - уапсени две лица од Кочани за убиство

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Две лица од Кочани се уапсени и се теретат за убиство на нивниот сосед. 

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, од страна на полициските екипи од Кочани поднесена е кривична пријава против две лица со иницијали Ѓ.Б. и Љ.С. од Кочани, поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство. 

МВР соопшти дека лицето Ѓ.Б. вчера пријавило во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. од Кочани, при што од страна на екипа од Итната медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство. 

Во службен разговор Љ.С. признал дека претходната вечер заедно со Ѓ.Б. биле во домот на нивниот сосед Д.А. каде настанала расправија, по што со тврди предмети го удирале Д.А.

- На 06.09.2024 во 7.43 часот Ѓ.Б. пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов  неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување  на случајот. 

При тоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети. Ѓ.Б. и Љ.С. се лишени од слобода и со кривична пријава предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување - стои во соопштението на МВР.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопшти дека ОЈО Кочани веќе има издадено наредба за спроведување истражна постапка против двајцата осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

По наредба на јавен обвинител, на телото на починатиот е извршена обдукција, а од лице место се прибрани траги и материјални докази кои се предмет на вештачења.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Кочанскиот суд го прифати предлогот и им определи притвор од по 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Загинаа три медицински лица од Прилеп, утре во градот е Ден на жалост

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Загинаа три медицински лица од Прилеп, утре во градот е Ден на жалост

МИЦКОСКИ: Од ЕУ ми велат вашите власти убедуваа дека даваат гаранција за нешто што не можат да го испорачаат

МИЦКОСКИ: Од ЕУ ми велат вашите власти убедуваа дека даваат гаранција за нешто што не можат да го испорачаат

СОВЕТОТ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Утре ќе биде Ден на жалост во Прилеп за трите загинати медициски лица

СОВЕТОТ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Утре ќе биде Ден на жалост во Прилеп за трите загинати медициски лица

Се навршија 29 години од атентатот на Киро Глигоров

Се навршија 29 години од атентатот на Киро Глигоров

МУЦУНСКИ: Бугарија треба да се подобри во третманот на малцинствата

МУЦУНСКИ: Бугарија треба да се подобри во третманот на малцинствата

ОПШТИНА КАРПОШ: Kривичната пријава е тенденциозна, злонамерна и политички мотивирана

ОПШТИНА КАРПОШ: Kривичната пријава е тенденциозна, злонамерна и политички мотивирана

МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ: Kривична за скопски градоначалник и неговите соработници

МИЛИОНСКИ СКАНДАЛ: Kривична за скопски градоначалник и неговите соработници

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊЕТО НА АХМЕТИ ЗА ВЕТИНГ: Ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊЕТО НА АХМЕТИ ЗА ВЕТИНГ: Ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира

„Каменоломот на Нефи Усеини го загадува воздухот и го загрозува здравјето на луѓето“: Левица бара почитување на законите

„Каменоломот на Нефи Усеини го загадува воздухот и го загрозува здравјето на луѓето“: Левица бара почитување на законите