По Савески и Куновски, кој е третиот од Левица на кој ќе му се суди?
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016
Од Левица денеска информираа дека започнува судски процес против уште еден член на нивната партија.
Станува збор за Мариглен Демири, поради неговото учество на протестите годинава.
„Режимот не престанува со политичкиот прогон против членовите на Левица. Малку му беше што веќе води судски процес против двајца наши членови, Здравко Савески и Владимир Куновски, па реши да поведе кривична постапка против уште еден член на Президиумот на Левица, Мариглен Демири. Ако режимот мисли дека вака ќе нè замолчи – дебело се лаже! Нашата борба за слобода и социјална правда во Македонија продолжува!“ - велат од Левица.
Во меѓувреме се води судски процес против двајца членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски кои се товарат за демолирање на канцеларијата на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов за време на протестите.