18 Јули, 2025
0.0458

„ПО СЕДУМГОДИШЕН БОЈКОТ, ДУРЛОВСКА ПОВТОРНО ВО ФИЛХАРМОНИЈА“: Се јави актерот Јовановски, „водите со предност од две години повеќе на црниот душмански список“

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2024 07:40

Добивај вести на Viber

Општо е познато дека оперскиот пејач Игор Дурловски беше во притвор заради настаните од 27 април.

Тој сега е на слобода, но објави интересен статус. Неговата сопруга, Ана Дурловски, како што напиша тој, по седумгодишен бројкот од Филхармонија, конечно ќе настапува.


На сето ова се огласи актерот Владо Јовановски, кој исто така беше во притвор заради настаните од 27 април.

„Почитувано семејство Дурловски:

Во однос на бојкотот, Вашето ценето семејство во однос на нашево семејство Јовановски ни водите со предност од две години повеќе на црниот душмански список. Но ако го вклучам подолгиот мој притвор, кога и реално неможеа да ме ангажираат во МНТ, тука некаде сме, дали пет години или седум, не менува многу. Но, ако како семејство Јовановски го вклучиме, (заради мене пропаднатиот конкурс за вработување актери во МНТ пред три години), мислам дека дури и Ви водиме. Плус тогаш СДС осветничка поентираше, затоа што од тогаш па наваму младите во МНТ се забранети, како штетни за нивната "Северна култура", повторно заради Јовановски. Тоа го потврдија и со односот кон младата актерка Ана Јовановска на конкурсот во драмски, кога таа и Григор Јовановски за неколку промили или проценти не беа одбрани од "угледното" жири, на чело со тогашната директорка на театарот, меѓу десетте вработени од осумдесет пријавени.

Така да, почитувано семејство Дурловски, што значат 5 - 7 или 10 години, во однос на бесконечната глупост и осветољубивост ЕСДЕЕСОВСКА - предавничка, душманска.

Само што времето поминува, а многу бавно се исправаат неправдите кои беа нанесени на многумина како и на нас.“ напиша тој на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

Коњановски: Човек сум и јас можам да погрешам, а за сообраќајниот прекршок си платив

Коњановски: Човек сум и јас можам да погрешам, а за сообраќајниот прекршок си платив

Обвинителен предлог за напаѓачот на Арсовска, за второосомничениот нема да продолжи гонењето

Обвинителен предлог за напаѓачот на Арсовска, за второосомничениот нема да продолжи гонењето

ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - обвинителниот акт доставен до адвокатите

ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - обвинителниот акт доставен до адвокатите

На огласот за 400 пожарникари не се пријавиле ниту толку кандидати

На огласот за 400 пожарникари не се пријавиле ниту толку кандидати

ВЛАДАТАТА ЗА ПИСМОТО НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ: „Сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“ е навредливо

ВЛАДАТАТА ЗА ПИСМОТО НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ: „Сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“ е навредливо

КОНЕЧНО ПРИСТИГНУВААТ УЧЕБНИЦИТЕ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ: Нема веќе учење од тетратки

КОНЕЧНО ПРИСТИГНУВААТ УЧЕБНИЦИТЕ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ: Нема веќе учење од тетратки

Првата антикорупционерка доби обвинителен предлог за „Адитив“, друго лице полагало безбедносен тест во нејзино име

Првата антикорупционерка доби обвинителен предлог за „Адитив“, друго лице полагало безбедносен тест во нејзино име

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ - едно лице пренесено на клиниките „Мајка Тереза“

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ - едно лице пренесено на клиниките „Мајка Тереза“

Босански турист почина на плажа во Охрид

Босански турист почина на плажа во Охрид