По Сиднеј и градот Мелбурн оди во карантин
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Јули, 2021
По Сиднеј и градот Мелбурн оди во карантин, поради ширењето на делта сојот на коронавирусот.
Австралиската држава Викторија, денеска воведе петдневен карантин. Од полноќ, излегувањето е можно само за купување, вакцинирање и деловно работење од клучно значење.
Премиерот на Викторија Даниел Ендрус изјави дека не треба да се чека, а 5-дневното затворање е подобро отколку да се создадат услови за петнеделна или петмесечна блокада подоцна. По две недели без ниту еден нов случај на зараза, државата Викторија во последните два дена има 18 нови случаи. Една третина од минатата година Мелбурн ја помина под строги епидемиолошки мерки, вклучително и полициски час.
Ова е петти карантин во Мелбурн од почетокот на пандемијата пред година и пол. Истата мерка е на сила во Сиднеј, па сега речиси половина од 25-те милиони жители на Австралија се под строги мерки.
Од почетокот на пандемијата, во Австралија се пријавени нешто повеќе од 31.400 случаи, а 912 луѓе починале. Само 12 проценти од возрасните Австралијци се вакцинирани.
Делта сојот брзо се шири во многу земји. Тој создаде проблеми во Израел, каде енормно скокна бројот на заразени.
До крајот на август, 90 отсто од случаите ќе бидат од делта сојот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.