18 Декември, 2025
0.2701

По скапото разубавување, нови трошоци за собраниската зграда

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2019 06:59

Добивај вести на Viber


Собранието планира да потроши 2,9 милиони денари или безмалку 50.000 евра за да набави заштитни фолии за куполите, за други ситни поправки и за куќички за обезбедување. Собраниската зграда за чие разубавување претходната власт, според некои медиуми, потроши 20 милиони евра во рамки на проектот Скопје 2014, сега троши уште народни пари. 

Собранието објави оглас кој, без ДДВ треба да вреди 2,9 милиони денари, а со кој бара заштитни фолии за куполите. Не се соопштува колку пари од вкупната сума се за нив, а колку за куќите за обезбедување. На огласот се бара градежно занаетчиска компанија, а клучен критериум за изборот ќе биде најниската цена. 

Актуелната влст имаше големи забелешки за енормното трошење за реновирање на зградите во центарот на Скопје за кое се тврдеше дека се потршени стотици милиони евра државни пари. Ама разубавениот пратенички дом бара и други трошења, па сега се објавува нов оглас.

Инаку, реновираното Собрание беше промовирано пред три години.Тогаш беа пуштени во употреба новата Голема купола, Конгресната сала под неа, новата зграда во дворот на објектот. Собранието доби нови над 4.000 квадрати со што има вкупно 18 илјади метри квадратни површина за користење.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија