16 Декември, 2018
0.3009
    ALK 8197.71    -1.16%     FERS 67900    0%     GRNT 800.16    -2.3%     KMB 5024.07    -0.79%     MPT 46679.54    -1.73%     MTUR 4900    0%     OHB 6517    -0.43%     OILK 6000    0%     OKTA 4350    0%     RMDEN12 97.3    0.31%     RMDEN15 96.8    -0.41%     RMDEN16 97    0%     SBT 1950    8.22%     SOLN 170    0%     STB 1281.65    -0.63%     TEL 299.58    -0.14%     TNB 14180    -0.14%     TTK 1270    -0.78%     ZLRB 6170    311.33%

По светската промоција, Самсунг ги претстави своите најнови мобилни уреди Самсунг Галакси С9 и С9+ и во Македонија

Објавено во: Мои пари 12 Март, 2018

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес ги претстави новите Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) и С9+ (S9+) паметни телефони во Македонија. Новите паметни телефони на Самсунг пристигнуваат со низа новитети и подобрувања: неверојатна камера за снимање при слаба осветленост со двојна бленда на објективот, супер бавен “slow-mo“ видео запис и пиктографи (AR emoji)за изменета реалност за поперсонализиран начин на изразување. Овие неверојатни уреди неодамна беа за прв пат претставени во рамки на Светскот Конгрес за Мобилна Технологија 2018 во Барселона, каде освоија 30 награди, вклучувајќи ја и најзначајнат­а награда во рамки на годишните Глобални Награди за Мобилна Технологија (Global Mobile Awards – GLOMO Awards) - “Најдобар Нов Уред за Поврзување“ (“Best New Connected Device”). Новиот Самсунг Галакси С9+се стекна со оваа награда благодарение на својот префинет дизајн, напредна камера и извонредни перформанси.


Овие награди за нас се поттик од година во година да бидеме што подобри во создавањето уреди кои во потполност ќе можат да одговорат на сите предизвици на модерното време и на потребите на нашите корисници. Верувам дека со новите Самсунг Галакси С9 и С9+ повторно ја поместивме границата во развојот на паметни телефони. На корисниците им понудивме иновативни уреди кои ќе им овозможат да се изразат и да комуницираат на целосно уникатен начин.“- изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор во компанијата Самсунг за Адриатик регионот.

Камерата со двојна бленда на Самсунг има обектив кој функционира слично како ирисот на човечкото око и автоматски може да се менува согласно различните услови на осветлување. На овој начин, фотографиите изгледаат одлично без разлика дали се фотографирани во услови на поголема светлина или при слабо осветлување, дење или навечер. Двојната бленда поддржува “F1.5“ и “F2.4“ режим. Кога е темно, објективот се отвора до “F1.5” за да пропушти повеќе светлина за јасни и чисти фотографии, додека на дневна светлина објективот автоматски се префрла во режим “F2.4“ овозможувајќи фотографијата да ја задржи својата острина.  


Исто така, новите Самсунг Галакси С9 и С9+ имаат напредна камера со “Super Speed Dual Pixel“ сензор со зголемена сила за обработка и меморија за висок квалитет на фотографии. Благодарение на овој сензор, камерата може да ги долови сите детали четири пати побрзо, и тоа поголем број од нив. Со опцијата “Super Slow-Mo“ за креирање видео записи, секој корисник може да ги зачува секојдневните незаборавни мигови со помош на динамичнни и успорени видео записи кои снимаат до 960 слики во секунда.

Галакси С9 и С9+ поседуваат автоматски детектор за движење, интелигентна карактеристика која детектира движење и автоматски почнува да снима се, претворајќи приближно 0,2 секунди реални случувања во околу 6 секунди снимка. По снимањето на записот креиран со “Super Slow-Mo” функцијата, корисниците може да ја одберат и музиката која ќе се слуша во позадина на видеото. На располагање имаат 35 различни опции, а може да додадат и мелодија од својата омилена плејлиста. Корисниците, исто така, на едноставен начин, со помош на допир може да креираат, уредуваат и споделуваат содржини во .GIF формат.


Самсунг им овозможува на корисниците да креираат “емоџи“ кое изгледа, звучи и се однесува исто како нив. Пиктографите за изменета реалност (AR Emojis) користат алгоритам за машинско учење кое се темели на податоци кои ја анализираат 2D фотографијата од корисникот и исцртуваат преку 100 фацијални карактеристики за да креираат 3D модел кој рефлектира и имитира експресии како намигнување и потврдување со главата, за вистинска персонализација. Овие пиктографи ги споделуваат чувствата на корисниците од реалниот живот преку видео, но и преку широк спектар на сликички кои користат стандарден AGIF формат за датотеки, овозможувајќи им на корисниците да ги споделуваат нивните пиктографи низ различни други платформи за разменување на пораки. 


За потсетување, Самсунг Галакси С9 има 5,8 инчи “Quad HD+ Curved Super AMOLED“ екран, а екранот на Самсунг Галакси С9+ е со иста резолуција, со поголема дијагонала од 6,2 инчи, исто така со сооднос 18:5:9. Бесконечниот “Super AMOLEDекран се вклопува во телефонот речиси директно во телефонот без рабови кои попречуваат. Со адаптивното подобрување на контрастот, корисниците можат да го користат нивниот уред дури и на директна сончева светлина.

Адути кои заслужуваат внимание се и Бигзби (Bixby) - интелигентна платформа интегрирана во камера, јасниот, чист и квалитетен звук благодарение на АКГ (AKG) звучниците поддржани од Долби Атмос (Dolby Atmos©) со ефект на звукот од 360 степени. Галакси С9 и С9+ се први паметни телефони кои ја поддржуваат новата “SmartThings“ апликација и може да се поврзат со други Самсунг уреди, а новата генерација Самсунг ДеХ (Samsung DeX) е идеална за сите оние кои се константно во движење. Уредите поддржуваат проширување на меморијата до 400 GB со Микро СД (MicroSD) картичка и се опремени со најновите премиум апликациски процесори кои овозможуваат моќен перформанс и софистицирана обработка на сликата.


И двата најнови уреди од портфолиото на Самсунг - Галакси С9 и С9+ се заштитени со “Knox 3.1“ - најновата, најсовремена надградба на безбедносната одбранбена платформа на Самсунг и имаат три различни можности за биометриска проверка на автентичноста – со скенирање на окото, отисокот од прстот, како и препознавање на лицето.


Продажбата на новите Самсунг Галакси С9 и С9+ во Македонија започнува од 16. Март, 2018. Корисниците ќе може да ги набават уредите во следните бои: Полноќно Црна, Корално Сина, како и во новата нијанса – Пурпурно Виолетова. Препорачаната продажна цена за Самсунг Галакси С9 изнесува 50.999 денари, односно 56.999 денари за Самсунг Галакси С9+. Сите заинтересирани купувачи ќе може да ги набават уредите од салоните на продажните партнери на Самсунг – Македонски Телеком, ВИП, Сетек и Нептун.

За повеќе информации за Галакси С9и С9+, посетете ги следните линкови: http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy


Можеби ќе ве интересира

Информативна дебата за рудникот Иловица-Штука со поддршка од експертите и локалното население

Информативна дебата за рудникот Иловица-Штука со поддршка од експертите и локалното население

Капитол мол го прославува својот 5ти роденден со забава за целото семејство

Капитол мол го прославува својот 5ти роденден со забава за целото семејство

AUTOBEST: OpelComboLife е "BestBuyCar" во Европа за 2019

AUTOBEST: OpelComboLife е "BestBuyCar" во Европа за 2019

ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО ХУМАНА МИСИЈА

ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО ХУМАНА МИСИЈА

НЛБ Банка со награда за „Сајт на годината“ за 2018 година во Македонија

НЛБ Банка со награда за „Сајт на годината“ за 2018 година во Македонија

ГРАД СКОПЈЕ И МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ГИ НОСАТ „ПАРНИ ВАЉАК“ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ

ГРАД СКОПЈЕ И МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ГИ НОСАТ „ПАРНИ ВАЉАК“ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ

И Гостиварчани добија Роса школо за родителство – донација на Пивара Скопје и Министерството за здравство

И Гостиварчани добија Роса школо за родителство – донација на Пивара Скопје и Министерството за здравство

Нова локација на КЕЦ на ЕВН Електродистрибуција - Кавадарци

Нова локација на КЕЦ на ЕВН Електродистрибуција - Кавадарци

ТВ извлекувањата на играта на среќа ЛОТО, од сабота - ќе се емитуваат на КАНАЛ 5

ТВ извлекувањата на играта на среќа ЛОТО, од сабота - ќе се емитуваат на КАНАЛ 5