По заканите од Трамп упатни кон Брисел: Колкав е македонскиот извоз во САД?
Објавено во: Економија 27 Јануари, 2025
Македонија неутрално ќе ја следи евентуалната трговска војна меѓу Вашингтон и Брисел, по најавата на новиот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за Европската унија поради загрижувачкиот трговски суфицит со САД.
Речиси целиот извоз на Македонија завршува во земјите од Европската унија, но истовремено САД се еден од најзначајните стратешки партнери на Македонија
Минатата година кон Соединетите Американски Држави е остварен извоз со вкупна вредност од над 90 милиони евра, што претставува зголемување од над 100 проценти во однос на 2023 година
Ова го потврди помошник директорот на Царинската управа, Марјан Тасевски, како гостин во емисијата „Да си кажеме“ на телевизија Телма.
Дел од економските експерти по најавите на Трамп за можна промена на даночната надворешна политика кон Брисел, сметаат дека Македонија може да биде засегната преку намалената економска активност во ЕУ, што би се одразила на македонскиот извоз.
Предупредувањата на американскиот претедател наидоа на експресен одговор од ЕУ, од каде порачаа дека ќе ги бранат своите интереси и ќе возвратат на пропорционален начин.