08 Октомври, 2024
0.0274

По заминувањето на Чадиковски: Кој ќе оперира деца во Жан Митрев и со каква лиценца?

Објавено во: Македонија 07 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Како во Клиничката болница Жан Митрев ќе се вршат операции на деца, откако  единствениот доктор кој има лиценца за детски кардиохирургија, Владимир Чадиковски ја напушти болницата. На ова прашање денеска не добивме одговор од Министерството за здравство, а нема коментар ни од Фондот за здравствено осигурување. Од Министерството за здравство само велат дека во Клиниката Жан Митрев и понатаму ќе се вршат овие интервенции.

„Во Клиниката „Жан Митрев“ и понатаму ќе се извршуваат кардиохируршки операции на децата до една година, кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување. Експерти и доктори од Република Србија, во директна соработка со македонските доктори ги едуцираат на овозможување соодветен здравствен третман на сите пациенти, вклучително и децата до една година. Докторот Жан Митрев како кардиохирург смее да оперира и бебиња, нема никакво ограничување, стои во одговорот од Министерството за здравство.

Од Клиничката болница Жан Митрев велат дека тие ќе ги вршат овие операции.

Спојувањето на експертизите во државно и приватно здравство за унaпредување на квалитетот на здравствената заштита за деца со најтешки срцеви болести продолжува и понатаму, согласно склучениот договор. Природно е да има флуктуација со промени во работниот ангажман на медицинскиот кадар, но тоа никако не влијае на концептот кој е уреден со договорот. Сите пациенти кои имаат потреба и понатаму ќе ја добиваат неопходната и квалитетна здравствена заштита во оваа Клиника.

Моделот за детска кардиохирургија во склоп на Клиниката тече без никаков застој. Пред само неколку денови успешно беше изведена една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај новородени. Се прават планови за оперативен третман за уште 20-тина деца во наредните неколку недели. Соработката со Министерството за здравство продолжува и понатаму. Нашата посветеност кон моделот останува наша главна мотивација – велат од Клиничката болница „Жан Митрев“.

Упатени велат дека овој проблем не може да се сведе на борба на суети. Дел од надлежните за Фактор признаваат дека Договорот кој предвиде од оваа година кардиохируршките интервенции кај деца да се вршат во „Жан Митрев“ а да се на трошок на Фондот не бил направен на добра основа. Се покажало дека се даваат истите пари и кога децата се лекуваат во странство, често се плаќале и странски експерти. И самите имаат дилеми дали воопшто требаше ваков проект, иако како што се тврди, идејата на ФЗОМ и на Министерството била првично креирана да им се помогне на пациентите.

Чадиковски го даде својот отказ вчера. Потврди дека си оди но не откри многу детали за причините. Се тврди дека тоа се неисполнети обврски од страна на болницата и на надлежните институции. Најавено е да си одат и другите доктори и медицински персонал кој замина од Детската клиника во детската кардиохирургија Жан Митрев од февруари годинава.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден