19 Декември, 2025
0.0556

ПОБЕЗБЕДНИ УЛИЦИ СО ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ?! – се предлагаат нови решенија за забавување на сообраќајот низ земјава

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2025 07:38

Добивај вести на Viber

Со цел подобрување на безбедноста на патиштата во земјава група пратеници предлагаат измени на Законот за јавните патишта, со кои треба да се подобри управувањето, планирањето, изградбата, реконструкцијата, одржувањето, заштитата, финансирањето и надзорот на јавните патишта.

Пратениците, кои се од редовите на владејачката гарнитура, посочуваат оти со постојните одредби нема можност за дигитално евидентирање на јавните патишта, а посебно на јавните патишта кои се во надлежност на општините.

Нагласуваат дека е важно да се има евиденција за подоброуправување со патни средства на јавните патишта, но и за подобрување на безбедноста на патиштата од аспект на предвидување нова дефиниција за експресен пат, како се проширува, на кои јавни патишта може да се применуваат мерки за забавување на сообраќајот во согласност со прописите за безбедност во сообраќајот.

- Имајќи ги во предвид случувањата од последните неколку години за начините на управување со моторни возила во населени места и често неприлагодување на брзините на патот што придонесуваат до зачестени сообраќајни несреќи кои за жал завршуваат и со многу лош исход. Воедно со оглед на модернизацијата во секој сегмент на општественото живеење кој придонесува за поквалитетен начин на живеење, се наметнува и потребата од воведување на нови начини на плаќање на патарина, кои придонесуваат најмногу за намалување на времетраењето на чекање на наплатните станици-патарини, а се придонесува и кон раширена мрежа на наплатни места и начини на плаќање на патарина– посочуваат предлагачите.

Од законските одредби, кои се предлага да се донесат по скратена постапка, може да се види дека се бараат измени со цел да се успори сообраќајот на критични точки како што се улици кои поминуваат пред училишта, или експресни патишта низ населени места...

-  На државни патишта може да се применуваат мерки за забавување на сообраќајот во зона на образовни установи, наплатни станици, државни граници и други објекти каде што поради безбедност насите учесници дополнително е ограничена дозволената брзина на движење, во согласност со прописите за безбедност на сообраќајот– стои во предлог измените.

Исто така се пропишуваат и услови за водење евиденција за јавните патишта, вклучително со податоци за патните правци, делници и јазли и - сообраќајно – технички податоци. Исто така, се задолжуваат надлежните органи за јавните патишта евиденцијата да ја водат во дигитална форма како составен дел од единствениот систем за управување со патни средства на јавните патишта.

Општините и градот Скопје се должни евиденцијата за јавните патишта кои се во нивна надлежност да ја доставуваат до Јавното претпријатие на годишно ниво.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот