Побрзајте ајварџии: Пиперката ќе поскапува, годинава ајварот солен

Објавено во: Економија 25 Септември, 2018 06:26
Ако се земе в предвид цената на пиперката ајварка
оваа сезона, и фактот дека 4 до 5 килограми се потребни за подготовка на тегла
ајвар, тогаш една тегла ајвар домаќинките ќе ги чини повеќе oд 120 денари.
Сепак, граѓаните обично чекаат при крајот на септември, или на почеток на октомври да купат пиперки за ајвар, со надеж дека цената ќе биде пониска, но оваа година можно е да се случи спротивното.
„Оваа година нема да правам ајвар, затоа што освен што цената на ајварката е висока, потребно е да се изгуби цел ден, за подготовка. Купувам по две тегли месечно и доволно е за двајца“- вели домаќинка.
Луѓето кои на тезга продаваат вакви пиперки или ги произведуваат, велат дека оваа година ќе јадеме поскап ајвар од лани, но додаваат дека домашно си е домашно и е повкусно.
„Екстра пиперката се откупува оваа година по 20 денари. Еден мал дел од пиперката на отворено во неколку села е уништена. Овие денови почна да се чувствува недостаток, како резултат на намалено производство, поради намалени површини, поради лошите цени, и бегањето на младите во Европа. Традиционално во октомври кога ќе се прави ајвар, ќе нема доволно и цените ќе растат“- вели Данаил Паланков, земјоделец од Струмичко.
Истото го потврдува и Ристо Велков, претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот регион, кој вели дека веќе снемува пиперка ајварка и цената ќе скокне.
„Цената веќе е зголемена, околу 25 денари по килограм на големо и сигурно во октомври ќе се зголеми, затоа што пипер нема“ – вели Велков.
Сепак, ајварот е неизбежен на македонската трпеза без разлика колку чини неговата подготовка.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
„ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ТАРИФЕН ПРИХОД НА ПОЧЕТОКОТ“ - еве го објаснувањето на американскиот министер за финансии Бесент (ВИДЕО)

ПО НАПИСИТЕ ЗА РАСИПНА ХРАНА СЕ ОГЛАСИЈА ОД КАУФЛАНД - најавуваат темелно чистење и надворешни контролори за квалитет

ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“

ПОСКАПЕЛА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ: Се зголемиле цените на угостителските услуги

ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести

ОБЈАСНУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Откри колку ќе заработат од царините

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат

КАНАДА, ШВЕДСКА, ФРАНЦИЈА: Луѓето повикуваат на бојкот на американски производи
