19 Декември, 2025
0.0811

ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ УШТЕ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: Доаѓа првата бела покривка за оваа сезона

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2024 06:00

Добивај вести на Viber

Под влијание на уште постудена воздушна маса од север, почетокот на следната седмица ќе донесе уште пониски температури на воздухот за разлика од сегашните, а ќе има  и повеќе облачност, вели метеорологот Славчо Попоски.

Особено во понеделник ќе има и повремени локални врнежи од дожд на ниските места, додека на планинските  и повисоките места ќе има повремен снег, со можност за формирање на тенка снежна покривка. Не се исклучува можноста по некоја снегулка да провее  и на помала надморска височина (под 1000 метри надморска височина), па така услови за провејување на првите снегулки за оваа сезона во понеделник ќе има во повисоките населени места.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

И во Скопскиот регион во почетокот на следната седмица ќе биде постудено, а во понеделник ќе има услови за повремен локален дожд.

Што се однесува до температурите, наутро тие во почетокот на следната седмица ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 6 до 15 степени во најтоплите југоисточни предели“, објави тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот