ПОЧИНА АЛЕКСАНДАР ДИНЕВСКИ - осуденик во аферата „Шпион“ и еден од „осумтемина“
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2024 13:12
Почина Александар Диневски, еден од осудените во аферата Шпион, кој до денеска ја следат бројни контроверзи, а според обвинетите, станува збор за целосно монтиран случај.
Александар Диневски е поранешен контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во јавноста стана познат како дел од таканаречените „осумтемина“, од последните години пред распадот на екс Југославија, настан со кој се навести демократизацијата во Македонија.
„И Диневски има минат труд во ВМРО-ДПМНЕ. Во 90-тите беше дел од информативниот центар на партијата, познат како КСИО. Инаку, тој речиси целиот свој работен век го поминал како дел од безбедносните служби во Македонија, пред се во Службата за државна безбедност. Тој е еден од познатите „осуммина од МВР“, кои пред распадот на Југославија ја најавија демократизацијата на земјава. Тој, говорејќи за својот професионален ангажман, во една статија објавена неодамна вели дека дводеценискиот демократски амбиент во кој живее земјата не променил ништо во функционирањето на безбедносниот систем, кој според него во многу сегменти се уште функционира според старите методи и принципи наследени од периодот на едноумието. - Сите досегашни Влади, без исклучок во демократска Македонија обилно ги користеле тајните служби за политички цели, особено во пресметката со политичките опоненти. Некогаш тоа се манифестирало јавно, грубо, а некогаш помалку видливо но секогаш било присутно. Всушност, не постои суштинска разлика помеѓу времето кога тајната полиција беше продолжена рака на политиката на единствената партија на власт во едноумието, и денес. За тоа најмалку е виновна самата Служба туку системот кој овозможува злоупотреба на нејзината функција и моќ за остварување на партиски или политички интереси на владејачката гарнитура во даден момент - оценил Диневски. Тој последните години имаше сопствена приватна детективска агенција“, се вели во текстот.
За смртта на Диневски веста се шири преку социјалните мрежи.
„Уште една жртва на ШПИОН, по татко му и брат му, замина и АЛЕКСАНДАР ДИНЕВСКИ ДИНКА... Слава му!“, напиша новинарот Зоран Божиновски.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




