ПОЧИНА МАЕСТРАЛНИОТ ФЕРУС МУСТАФОВ, ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ВО ШТИП: Семејството ќе му ја исполни последната желба
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2023
Кралот на
ромската музика, Ферус Мустафов починал синоќа во ГОБ „8 Септември“, каде беше
хоспитализиран откако доживеа мозочниот удар кон крајот април. Тажната вест за
ММС ја потврдила неговата сопруга Јелена, која изјавила дека ќе му ја исполнат
последната желба, а тоа е да биде погребан во Штип.
„Починал ноќеска, нам лошите вести утрово нѝ ги кажаа. Скршени сме од болка, сите се надевавме дека ќе оздрави и ќе нѝ се врати, но за жал нѝ замина. Многупати досега кажал дека кога ќе дојде судниот ден сака да биде погребан во Штип. Тоа е негова последна желба и ќе му ја исполниме, вели Јелена за „ММС“.
На социјалните мрежи, сите кои уживаа во неговата музика се простуваат од легендата на ромската песна.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.