Почина Мира Драгојевиќ, личната секретарка на Слободан Милошевиќ
Објавено во: Балкан 08 Август, 2018
Мира Драгојевиќ, долгогодишната лична секретарка на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија Слободан Милошевиќ, денес е погребана на гробиштата во селото Елемир.
По кратко боледување, пред два дена почина во болница во Белград, а на погребот беа присутни најблиското семејство и пријателите.
Драгојевиќ е родена на 1938 година и беше лична секретарка на Милошевиќ во текот на целиот негов мандат, а по неговата смрт се грижеше за спомен собата на поранешниот претседател на СР Југославија, која се наоѓа во седиштето на Социјалистичката партија во Белград.