Почина најистакнатиот македонски историчар и еден од творците на независна Македонија
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2018 10:02
Блаже Ристовски, креаторот на првата македонска енциклопедија во издание на МАНУ, почина на 87 годишна возраст.
Најпознатиот македонски историчар беше потпретседател во првата влада на Република Македонија кога премиер беше Никола Кљусев.
Има објавено неколку десетици научни дела,а во Македонија беше консултиран речиси за сите важни историски процеси и феномени, а своевремено е и директен учесник како партизан во МОБ.
Академик Блаже Ристовски е роден на 21 март 1931 година во с. Гарниково, Кавадаречко.
Неговиот научноистражувачки интерес беше насочен кон истражување и афирмација на националните дејци од XIX и XX век – Крсте П. Мисирков, Димитрија Чуповски, Ѓорѓија Пулевски, Петар Драганов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Васил Икономов, Наце Димов и други.
Собраните дела на Крсте Мисирков претставуваат еден од најзначајните проекти на академик Блаже Ристовски во Македонската академија на науките и уметностите.
Погребот на академик Блаже Ристовски ќе се изврши на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје утре, во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата од 12 до 13 часот.
Утре во 10.30 часот во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи Комеморативна седница.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




