ПОЧИНА ПРВИОТ ПАЦИЕНТ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА, БЛАГОЈЧЕ НЕ ГО ДОЧЕКА ЛЕКОТ ТРИКАФТА: Фактор утринава ја објави неговата последна изјава
Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2023 12:40
Најтешко болниот пациент од реткото заболување цистична
фиброза, Благојче Илиевски, почина. Жалната вест за Фактор ја потврдија од Здружението
за цистична фиброза, а нашиот медиум утринава објави тема под наслов “ТРИКАФТА – КОГА И ЗА КОГО? За некои од пациентите може да биде и предоцна“.
Во овој текст Благојче ја даде неговата последна изјава полна со надеж дека ќе биде меѓу првите осум пациенти кои ќе го добијат овој лек.
-Јас верувам дека сум во онаа група од осум пациенти кои сме во најтешка здравствена состојба и дека први би го добиле, но образложението дека процедурата ќе биде подолга додека се случи набавката, некако нè обесхрабри. Од последниот пат кога разговаравме, а тоа беше кон крајот не ноември, јас уште еднаш бев хоспитализиран. Повторно 12 дена на Клиниката за пулмологија, го чистат белодробието до секретот, но верувајте состојбата не ми се подобрува, и сега ме слушате како едвај дишам, како не можам да искашлам...Ми останува навистина само да се надевам дека ќе дочекам да почнам терапија со „Трикафта“, ова се последните зборови на Благојче.
Ретката болест, цистична фиброза, речиси целосно му ги нагризала овие органи, но мултисистемското заболување со кое цели 10 години се бори Илиевски освен што го уништува неговиот респираторен систем, тешки последици остава и на дигестивниот систем, органите за варење и жлездите со внатрешно лачење.
Во разговор за Фактор, еден од најтешките болни пациенти од цистична фиброза, раскажа како изгледа неговото секојдневе. Зборуваше полека за да го намали заморот. Предизвици има многу, вели Илиевски, а најголемиот е да се земе здив, објави Фактор во ноември.
Анита БуховскиМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бактерии во чешмите и во мусаката се причина за труењето во „Димо Хаџи Димов“
(ВИДЕО) Парада со коњи во центарот на Тетово за Денот на албанското знаме
Свлечиштето во Шипковица принуди 17 луѓе да ги напуштат куќите
Меџити: Беким Сали ќе биде прв вицепремиер, а Мухамед Хоџа министер за екологија
Андоновска: Бактерија е најдена кај вработена во „Димо Хаџи Димов“
Мицкоски откри во каква здравствена состојба е неговиот син по труењето со храна на училиште
ИЈЗ: Во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ се најдени фекални бактерии
„Васев имаше поладен однос со мене и не можеше да го издржи таквото пресметување за плаќање“: сведоштво на раководителката за финансии на Онкологија
(ВИДЕО) И Град Скопје почна да урива дивоградби: „Повеќе нема компромис“, вели Ѓорѓиевски





