Фирма отворена лани доби тендер од 8 милиони евра за софтверски лиценци за виртуелна платформа од владиниот генерален секратеријат
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2025 08:20
Во август минатата година, на македонскиот пазар се појавила фирмата „Дигитал оне“. Сопственикот и управител на фирмата, извесен Кристијан Арсовски, дипломиран економсит, одлучил да отвори фирма за Трговија на големо со информатичка и комуникациска опрема, која една година подоцна, почнала да конкурира на тендери. Досега, добила шест, од кои четири од Генералниот секретаријат на Владата.
Последниот, за Софтверски лиценци за виртуелна платформа, е во вредност од над 8 милиони евра и се однесува на рамковна спогодба која ќе трае до 2028 година, или: За 2025 година, еден милион денари. За 2026 година, 139 милиони денари и по 140 милиони денари за 2027 и 2028 година.
На 14 мај, фирмата првпат потпишала договор со државна институција – и тоа со Генералниот секретаријат на владата. Потпишан е еден договор вреден безмалку 11 милиони евра и уште еден од речиси 10 милиони евра за Информатичка опрема, резервни делови и потрошен материјал.
На 3 септември, фирмат и генералниот секретаријат потпишуваат уште еден договор, за Софтверски лиценци и хардверски компоненти за платформа за серверско и клиентско дигитално потпишување. На 26ти истиот месец, Министерството за јавна администрација со „Дигитал оне“ потпишува договор тежок 1,7 милиони денари, за набавка на компјутерска опрема.
Фирмата имала успешна 2024 година. Иако е основана во август, „Дигитал оне“ успеала да направи приход од 25 милиони денари, но да остане и добивка од 1 милион денари. Според последните достапни податоци, во „Дигитал оне“ има двајца вработени.
Александар Тодески
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




