Почина Тахир Хани, функционерот на ДУИ
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2024 10:26
Почина Тахир Хани, поранешен функционер на Демократската унија за интеграција и доскорешен заменик-генерален секретар на Владата.
Тој беше роден на 15 декември 1961 година во Струга и во својата политичка кариера извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник и министер, уште по конфликтот во 2001.
Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот фејсбук профил, а сочуство до семејството упати и лидерот Али Ахмети.
„Тахири целиот свој живот го посвети на албанската нација и работеше секој ден без да се штеди себеси да ја види нашата нација на вистинскиот пат. Семејството и пријателите треба да се гордеат со Тахир, за неговиот живот и дело, за името и примерот што го остава зад себе“, објави Ахмети.
Погребот е најавен за денеска во 15 часот на гробиштата во струшкото село Велешта
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




