Почина Зе Карлос, фудбалерот од генерацијата на Бразил од СП 1998
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2024
Поранешниот десен бек на Сао Паоло и репрезентацијата на Бразил, Зе Карлос, почина овој петок на 55-годишна возраст, откако доживеа срцев удар додека спиеше.
Зе Карлос беше дел од бразилскиот тим на Светското првенство во 1998 година. Тој играше во полуфиналето против Холандија наместо Кафу, кој беше суспендиран, а неговиот тим отиде во финалето во кое што беа поразени од Франција на пенали.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригес, по повод неговата смрт изјави:
„Зе Карлос беше од суштинско значење за Бразил во 1998 година, кога стигнавме до финалето на Светското првенство. Тој беше одлучен играч со огромна физичка подготвеност, откако имаше истакната кариера во различни клубови. Во овој момент на тага, моето сочувство до целото семејство и пријателите на Зе Карлос“, рече тој.
Тој се пензионираше во 2005 година, играјќи за Нороесте. Зе Карлос зад себе остави 16-годишен син и 8-годишна ќерка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.