Починала жената која беше на респиратор, хоспитализиран е и нејзиниот сопруг
Објавено во: Македонија 25 Март, 2020 14:47
Починала жената заболена од коронавирус која на 7 март годинава од Дебар беше трансферирана на Инфективната клиника, дознава Фактор. Хоспитализиран е и нејзиниот сопруг.
Сопружниците беа дијагностицирани како позитивни на 6 март. Тие на 27 февруари во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија.
Првично беа стабилни, но на жената и се влоши здравствена состојба и беше поставена на респиратор. Таа е всушност третата жртва од коронавирус во Македонија.
Жената имаше 62 години.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




