ПОЧИНАТИОТ ОД АЛЕРГИЈА, НЕ ПОЧИНАЛ ОД АЛЕРГИЈА: Причина за смртта била некроза на срцев мускул
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2025 13:01
„32-годишниот Ведат Адеми починал од некроза на срцевиот мускул“, стои во Извештајот на Институтот за судска медицина во Скопје. Информацијата ја објави ТВ 21, повикувајќи се на емисијата Инсајд21.
Како што пишува ТВ21, емисијата Inside21, ексклузивно го обезбедила извештајот од обдукцијата, во кој не се пронајдени докази дека починатиот Адеми починал поради алергија на аналгин, како што тврделе членовите на семејството. Според нив, на 17 март во болницата во Куманово, неговата состојба нагло се влошила веднаш по примањето на инфузијата во која била додадена и ампула аналгин, како терапија против болки.
Извори од Основното обвинителство во Скопје за Inside21 на ТВ21 информираат дека извештајот ќе биде оспорен од страна на обвинителството, и ќе биде побарано повторно добивање на прецизни резултати за присуството на аналгин во телото на починатиот и неговото влијание на денот на смртта.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




